25/07/2005
ЗУПЧЕ, Косово, Србија и Црна Гора -- Српски демонстранти десет часа го блокираа автопатот Зубин Поток-Митровица во Косово во неделата (24-ти јули), по нападите врз српските куќи во селото Зупче во текот на ноќта, објавија локалните медиуми. Според претседателот на општината Зубин Поток, Славиша Ристиќ, пукотниците доаѓале од правец на соседното албанско село Кабре, кон голем број куќи на Србите во Зупче доцна претходната вечер. Исто така, во дворот на една од куќите фрлена е и граната. Инцидентите предизвикале материјална штета, но повредени нема. Локалното српско население протестираше поради инцидентите блокирајќи го патот во близина, но се согласија да ја растурат блокадата откако УНМИК и Косовските сили предводени од НАТО ветија дека ќе постават постојани контролни пунктови во областа. Полицијата на УНМИК започна истрага за инцидентите. (Политика, Б92 - 25/07/05; Танјуг, РИА Новости - 24/07/05)