25/07/2005
ВАШИНГТОН, САД -- Ричард Холбрук, креаторот на Дејтонскиот мировен договор, во натпис објавен во неделата (24-ти јули) вели дека американската влада праведно интервенирала во Босна и Херцеговина (БиХ) во 1995 година. Давајќи осврт на развојот на настаните до сега, поранешниот американски дипломат вели дека етничките заедници повторно започнаа да се учат на соживот во мир. Тој истакна дека највисоките српски водачи и водачите на босанските Срби присуствуваа на десетгодишнината од масакрот во Сребреница, што според Холбрук претставува „значаен обид за помирување“. Истовремено, Холбрук изрази жалење што најбараните воени злосторници -- Радован Караџиќ и Ратко Младиќ -- сé уште не се уапсени. Тој предупреди дека враќањето на БиХ во европските институции ќе биде попречувано сé додека тие двајца не бидат изведени пред лицето на правдата. (Billings Gazette - 24/07/05)