EУФОР објави: Претресите во средата се засноваа на релевантни информации

30/06/2005

БАЊА ЛУКА, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Претресите на објектите во сопственост на бизнисменот, босански Србин, Славко Рогуљиќ, во средата (29-ти јуни) се засноваа на релевантни информации кои може да се покажат како корисни за во иднина, рече потполковникот на ЕУФОР, Симон Вест, кој ја предводеше операцијата. ЕУФОР, НАТО и полицијата на Република Српска (РС) заеднички ги спроведоа претресите. Според Вест, операцијата ја имаше за цел мрежата поддржувачи на обвинетите за воени злосторства, а не некои конкретни поединци. Полицијата на РС рече дека при претресите е откриено илегално оружје и два украдени автомобили. Рогуљиќ е ставен на црните листи на ЕУ и на САД за наводната помош за обвинетиот Радован Караџиќ да избегне апсење. (Независне новине, Дневни аваз - 30/06/05; РТРС - 29/06/05)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading