19/12/2004
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Штабот на НАТО во БиХ во петокот (17-ти декември) објави дека НАТО го сослуша босанскиот Србин Владимир Илиќ, осомничен за поддршка на обвинетите воени злосторници во БиХ. Според изјавата, Илиќ е уапсен од страна на полицијата на Република Српска (РС) во областа на Бјелина. Судот на босанските Срби претходно го осуди во отсуство на дваесет години затвор за убиство на полицаец.
Во другите вести од саботата, ЕУФОР ја комплетираше истрагата на објетите на Армијата на босанските Срби во Хан Пјесак во источна РС. Дел од објектите се, наводни, запечатени. (Независне новине, ПБС БиХ - 18/12/04; Pincom.info, Фена, НТВ Хајат - 17/12/04)