01/12/2004
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Заменикот на помошник секретарот на НАТО, генерал Роберт Сери, на прес-конференцијата во вторникот (30-ти ноември) во Сараево рече дека пренесувањето на воената команда в четврток во БиХ на ЕУ претставува пресвртница за Унијата, НАТО и БиХ. Тој ја опиша како сведоштво за големиот напредок постигнат во деветте години по завршувањето на војната. Сери повтори дека НАТО не заминува од БиХ, со оглед на тоа што отвора свои штабови во Сараево. (Фена - 30/11/04)