22/08/2004
БАЊА ЛУКА, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Директорот на поливијата на Република Српска, Радомир Његуш, во петокот (20-ти август) соопшти дека го отпуштил шефот на полицијата на Бања Лука, Жељко Спасоевиќ, и на негово место го назначил Боро Љубаниќ. Његуш на прес-конференцијата рече дека Спасоевиќ е отпуштен од „професионални причини“, но не даде други детали.
Во другите вести, персоналот на СФОР во петокот ги пребара просториите на поранешната фабрика за шеќер во Бјелина. Оваа акција, спроведена во соработка со полицијата на Бјелина, имаше за цел откривање на нелегално оружје и воена опрема. СФОР соопшти дека фактот што ништо не е пронајдено е добар знак. (Независне новине - 21/08/04; Фена, РТРС - 20/08/04)