СФОР објави дека во БиХ е запленето големо количество нелегално оружје

28/07/2004

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- СФОР во вторникот (27-ми јули) објави дека за време на неодамнешната операција неговиот персонал запленил големо количество нелегално оружје во општината Добошница. СФОР го откри арсеналот на местото заштитено со противпешадиски мини. Мировниците уапсија едно лице, полицаец од полициската станица во Лукавац.

Во другите вести од вторникот, претседавачот на Претседателството на БиХ, Сулејман Тихиќ, за последен пат се состана со американскиот амбасадор во БиХ на заминуваoе, Клифорд Бонд. Тие разговараа во врска со напредокот што го постигна земјата, како и за идното предаваoе на безбедносните прашаoа на силите на ЕУ. Бонд ја потврди континуираната поддршка на Вашингтон за политичките и воените реформи во БиХ. (ФЕНА - 27/07/04)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading