25/07/2004
![]() Цепелинот со најсовремена технологија се гледа помеfу двата столбови на античкиот храм на Зевз за време на летот во централна Атина во неделата. Леталото ќе лета над Атина помеfу 13-ти и 29-ти август, испраќајќи слики во реално време за главната безбедносна команда на Олимпијадата како дел од масивниот план за обезбедуваoе на Игрите. [AФП] |
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Канцеларијата на вискиот претставник во петокот (23-ти јули) го пофали потегот на Владата на БиХ за зајакнуваoе на контролата на оружјето. Претходно, министерот за одбрана на БиХ, Никола Радовановиќ, издаде инструкции со кои се одредува 1-ви јануари 2005 година како краен рок за локалните власти да ја специфицираат нивната точна количина на вишокот стрелачко и лесно оружје, а истовремено се забранува и понатамошната продажба на вишокот оружје. Според овој документ, моментно постојат околу 370.000 парчиoа лесно и стрелачко оружје. Законски признаените потреби за вооружените сили на БиХ се проценети на околу 92.000 парчиoа. Во изјавата на Радовановиќ се вели дека западните донатори експлицитно ја условиле финансиската поддршка за одбранбените реформи со контролата на оружјето и спречуваoето на нелегалниот извоз на оружје. (Извори на ОХР, Фена - 23/07/04)