Милитантите ја користат смртта на човекот како средство за регрутирање за сиријскиот конфликт

14/05/2014

Милитантите во Сирија се обидуваат да ја користат смртта на странските борци како доказ дека нивната цел има широка поддршка и со тоа ги комплицираат напорите на земјите да ги спречат нивните државјани да учествуваат во конфликтот.

Дражен Ремиковиќ за Southeast European Times во Сараево - 14.05.2014

photo

Илјадници европски граѓани заминале за да им се придружат на бунтовничките сили. [АФП]

Радикалните исламистички водачи сé повеќе ѝ се обраќаат на балканската јавност, преку видеа преку интернет, соопштенија на медиумите и јавни форуми преку кои ги покануваат лицата да ѝ се придружат на „светата војна“ во Сирија, ветувајќи им дека ќе имаат подобар живот и слава. Но резултат на таквите повици е смртта на регрутите.

Претходно во месецот, етничкиот Албанец Егзон Авдили, кој имигрирал во Норвашка од Албанија како дете, бил убиен додека се борел во Сирија. За него се вели дека умрел додека се борел во редовите на Исламистичка држава Ирак и Левант.

Авдил, 25 годишен човек од Осло бил поранешен портпарол на норвешката радикална исламистичка група „Умахот на пророкот“ и ја бранеше групата против тоа што го нарече „лов на вештерки“ во 2012 година, според македонскиот новински дистрибутер „Д индипендент“. Наводно заминал од Норвешка за Сирија во почетокот на годината.

Членовите на „Умахот на пророкот“ го прогласиле за маченик. Убајдулах Хусеин, поранешен водач на групата, напиша на Фејсбук дека Авдил треба да биде награден за „најдобрата смрт во името на Алах“.

На 2 мај, официјалните службеници на ФБИ изјавија дека бројот на странски борци во Сирија драстично се зголемил во последните неколку месеци. Борбите во Сирија натерале повеќе од 2,5 милиони бегалци да избегаат од земјата, вклучувајќи повеќе од 720.000 што се засолниле во Турција.

Меѓу илјадниците европејци што заминале во Сирија за да се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад, борците од балканските земји, главно од Босна и од Херцеговина (БиХ), Косово и Србија, сè повеќе се вклучуваат во конфликтот.

Официјалните претставници на полицијата на БиХ рекоа дека ги следат активностите во врска со сиријските борци.

„Агенцијата за државни истраги и за заштита на БиХ, во согласност со Стратегијата за спречување и за борба против тероризмот, постојано собира информации и знаење што се во врска со заминувањето на државјани на БиХ во Сирија“, изјави за SETimes Кристина Јозиќ. Доцна минатиот месец, БиХ воведе затворска казна до 10 години за сите грѓани што се борат во, или што ќе се регрутираат за конфликти во странство. Експертите велат дека е потврдено дека околу 150 Босанци заминале за Сирија во последната година, а 15 од нив се наводно убиени.

„Овие луѓе се враќаат во Босна по извесно време и почнуваат да се занимаваат со пропагандни активности и ги охрабруваат другите да ги прават истите кривични активности“, рече Мирсад Ѓугум, член на Партијата за подобра иднина, при претставувањето на иницијативата.

Експертите велат дека пораките и радикалната исламистичка пропаганда се потврда за постоењето на радикални исламистички групи на Балканот и дека регрутираат главно млади луѓе да се борат во Сирија.

„Местата на кои дејствуваат и регрутираат се џамиите, затворите, екстремно религиозните училишта. Најрадикалниот пример досега е тој со две босански девојки од Виена што имаат само 15 години. Основното прашање е како ќе постапи државата со тие луѓе кога ќе се вратат од војната“, изјави за SETimes Џевад Галијашевиќ, поранешен директор за Експертскиот тим на Југоисточна Европа за борба против тероризмот и организираниот криминал.

Повеќе од 100 косовски Албанци заминале во Сирија за да се борат со бунтовниците, според полициски извори. Косовскиот парламент рагледува нацрт закон за забрана на граѓаните да се борат во странски војни.

Научникот за религија Фаридун Кодизода рече дека младите луѓе не сфаќаат дека умирањето за неморална цел нема да им ја донесе славата што им ја ветуваат милитантите.

„Ним им е интересно да си играат војна“, рече Кодизода.

Поврзани написи

Loading

Според „Асошиејтед прес“, во април, албанската полиција го уапсила Герти Пасја, 30, за сомневање за организирање албански државјани да се борат во Сирија. Пасја бил уапсен откако се симнал од авион од Истанбул на Аеродромот во Тирана. Ако го осудат, се соочува со казна затвор од 10 години.

Седум други самопрогласени имами што ги праќале Албанците во Сирија исто така биле уапсени. Најмалку двајца Албанци загинале борејќи се во Сирија.

Дописникот Надин Бахрон во Душанабе даде свој придонес за извештајот.

Какви мерки можат да преземат земјите од регионот за да ги спречат радикалните исламисти да регрутираат балкански државјани? Кажете ни ги вашите размислувања подолу.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Трговијата со луѓе и понатаму проблем на БалканотТрговијата со луѓе и понатаму проблем на Балканот

Регионалната соработка меѓу невладините организации и полицијата може да помогне да се запре растечката појава, велат експертите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали сметате дека се прави доволно за луѓето да се одвратат од помагање на насилните екстремистички групи?

Да
Не
Не знам