Турски кредит им помага на бегалците во Босна и Херцеговина

03/01/2013

Кредитите им даваат на раселените лица надеж дека доаѓаат подобри денови.

Дражен Ремиковиќ за Southeast European Times во Сараевo – 03.01.12

photo

Повеќе од еден милион луѓе беа избркани од своите домови за време на војната во БиХ од 1991 до 1995 година. [AФП]

Благодарение на кредитната линија од 100 милиони евра одобрена од турската влада минатиот мај, млекопроизводителот и бегалец-повратник Осман Мухаремовиќ гледа просперитет во својата иднина.

„Имав големи проблеми со домашните банки и тие практично ме доведоа до банкрот. Едвај ја спасив мојата фарма од 20 крави. Турскиот кредит ми даде шанса да го унапредам и зголемам моето производство на млеко за 20 отсто“, рече за SETimesжителот на селото Коњевиќ Поље во општина Братунац во Република Српска.

Мухаремовиќ е еден од првите корисници на анкарската кредитна линија, која беше воспоставена првенствено за поддршка на раселените лица во Босна и Херцеговина (БиХ). Средствата се распределени преку две банки -- Босна бенк интернешнал и турската Зираат банка -- и ќе бидат на располагање во следните 10 години. Мухаремовиќ додаде дека неговиот кредит од 7.500 евра бил процесуиран со ефикасност која е ретка за БиХ, што ги прави турските фондови привлечна опција.

„Процедурата на добивање кредит беше многу едноставна и јас практично ги добив парите истиот ден кога аплицирав. И што е најважно, нема камата“, рече тој. „Откако им кажав на моите колеги за искуството со банката, тие почнаа да аплицираат за исти кредити.“

Повеќе од милион луѓе беа избркани од своите домови за време на војната во БиХ од 1991 до 1995 година. Властите обезбедија враќање на имотот запленет за време на крвопролевањето, но околу 113.000 луѓе кои се и понатаму раселени, се сочуваат со сиромаштија и невработеност.

Амер Буквиќ, генерален директор на Босна бенк интернешнал, изјави за SETimesдека фондовите нудат нови можности за раселените лица кои се борат финансиски, со дополнителна полза на придонес за реинтеграција во областите каде што етничкиот конфликт остави траги.

„Бегалците и раселените лица се сега во можност да добијат поволни кредити преку турската кредитна линија, да се вратат во своите домови, да почнат да произведуваат, да отворат свои сопствени бизниси“, рече тој. „Основниот критериум за кредит е враќањето на малцинствата: враќањето на Бошњаците и Хрватите во Република Српска и Србите во Федерацијата на БиХ. Тие т.н. „мали луѓе“ кои се враќаат во своите домови се столб на мултиетничкиот карактер на БиХ.“

Буквиќ додаде дека граѓаните што се во најтешка положба имаат право на бескаматно финансирање, додека стапките за другите ќе се движат од 2,99 отсто до 3,99 отсто, во зависност од должината на заемот.

Покрај одржливото враќање на бегалците, турските фондови се очекува да ги поддржат и проектите во земјоделството, туризмот, вработувањето и развојот на мали и средни претпријатија.

Поврзани написи

Loading

Азра Хаџиахметовиќ, професорка по економија на Сараевскиот универзитет, рече дека во БиХ се потребни повеќе вакви иницијативи.

„Секоја кредитна линија која е наменета за најранливите категории од населението, е добредојдена за населението во земјата. Во време кога животот е тежок дури и за луѓето со безбедна работа, секое евро е важно“, рече таа за SETimes.

Додека меѓународните мониторинг групи продолжуваат со критиките до владата на БиХ за бавната стапка на враќање, Хаџиахметовиќ ги повика политичките водачи да ја погледнат како пример турската кредитна линија.

„Повратниците се категорија на која мора да й се посвети повеќе внимание. Државата треба да најде начин да понуди слична помош за оние кои имаат највеќе потреба од истата.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар