03/01/2013
Грчкиот премиер бара големи инвестиции, а Катар бара зделки.
Енди Дабилис за Southeast European Times во Атина – 03.01.13
![]() Грчкиот премиер Антонис Самарас се очекува да го посети Катар овој месец. [AФП] |
Додека грчкиот премиер Антонис Самарас се подготвува за презакажаната посета на Катар за привлекување инвестиции за неговата осиромашена држава, неговите домаќини веќе покажуваат интерес за купување на задолжените грчки претпријатија од областа на одбраната, како дел од долго одложуваната масовна приватизација.
Самарас требаше да ја посети заливската држава во ноември, но мораше да ја одложи посетата заради справување со катастрофалната економска криза во земјата и за да присуствува на состанокот на министрите за финансии на Еврозоната. Тројката ЕУ-ММФ-ЕЦБ, која дава 239 милијарди евра во вид на два пакети финансиска помош за потпомагање на грчката економија, ја притискаат владата да го забрза темпото на приватизацијата, која е ставена настрана додека Грција ги воведува мерките на штедење.
Меѓу индустриите во блокот се задолжените „Грчки одбранбени системи“ и „Грчка индустрија за возила“.
„Грчки одбранбени системи“ е основана во 2004 година со спојувањето на „Григ пауер“ и „Кертриџ“, кое произведува муниција 140 години и го смета НАТО за свој клиент.
„Хеленик армс индастри“ произведува пешадиски оружја, минофрлачи, оружје и проектилски системи, барут и авионски товар. „Грчката индустрија за возила“ произведува оклопни борбени возила, но не успеа да обезбеди договор од владата поради недостиг на средства за одбранбени набавки.
„Катар е заинтересиран за серија приватизации во врска со грчката одбранбена индустрија“, рече грчкиот министер за одбрана, Панос Панајотопулос, во изјава по состанокот со катарскиот престолонаследник Тамим бин Хамид ал-Тани во Доха. Тој рече дека катарските власти сметаат дека до посетата на Самарас, која се очекува на крајот од јануари, „ќе созреат условите за конкретни предлози и инвестициски планови во нашата земја“.
Џон Номикос, аналитичар за одбрана и директор на Истражувачкиот институт за европски и американски студии во Атина, ја поздрави идејата за катарските инвестиции. „Катарските владини претставници се многу сериозни и ги следат правилата кога соработуваат со странските влади“, рече тој за SETimes.
Претпријатијата од одбраната може да бидат најдоброто нешто за Катар, кој исто така разгледува и други инвестициски можности за време на грчката економска криза. Тројката сака Грција да ги приватизира државните претпријатија и имот, во надеж дека ќе собере 11 милијарди евра до крајот на 2016 година, под претходната цел за приходи од приватизацијата од 19 милијарди евра до 2015 година.
Критичарите тврдат дека земјата ќе ги продава своите претпријатија и земјиште далеку поевтино бидејќи инвеститорите знаат дека владата се обидува да дојде до приходи за подмирување на долгот од 325 милијарди евра.
Другите инвестициски области за кои ќе дискутира Самарас се договорите за недвижен имот, како што е проектот Елинико и поранешниот меѓународен аеродром од 620 хектари на јужниот брег на Атина. Катар холдинг, инвестициско претставништво на катарскиот суверен финансиски фонд, учествува во тендерската процедура за проектот, рече портпаролот.
Катар тивко инвестира сè повеќе во Грција. Кралското семејство минатото лето го купи островот Оксиа, во близина на Итака во Јонското Море, и Катар ервејс објави дека ќе го користи атинскиот Меѓународен аеродром за директни летови до и од Њујорк, единствениот превозник што ќе го прави тоа.
„Во текот на изминатите неколку години, многу се говореше за потенцијалните инвестиции на Катар во Грција во енергија, туризам, банкарство или во градежниот сектор. Сега-засега ништо од тоа не се оствари од најразлични причини“, како што се конкуренцијата, бирократијата и политичките конфликти“, рече Јоанис Микелатос, кој го предводи атинскиот Институт за безбедносни и одбранбени анализи, заSETimes.
„Подобрувањето на макроекономската клима во Грција, заедно со нестабилната ситуација на Блискиот Исток, ја стави оваа земја цврсто во инвестициските планови на Катар, правејќи ја навистина многу интересна планираната посета на грчкиот премиер на оваа заливска држава“, рече тој.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's