03/01/2013
Коските на убиените за време на војната во Босна и Херцеговина се идентификуваат бавно.
Бедрана Калетовиќ за Southeast European Times во Сараево – 03.01.13
![]() Властите велат дека остатоците на стотици жртви од Сребреница можеби никогаш нема да бидат идентификувани. [Бедрана Калетовиќ/SETimes] |
Во јули 1995 година Нура Мустафиќ го изгуби својот маж, Хасан, и нејзините возрасни деца Мирсад, Алија, Фуад, и многу роднини во масакрот во Сребреница. Таа го закопа Хасан, но сè уште не може да ги закопа своите синови бидејќи нивните тела не се идентификувани скоро две децении по нивната смрт.
„Старата фотографија на моето семејство е единствено нешто што имам. И надеж -- надеж дека ќе ги пронајдам нивните коски. Постојано размислувам да ми е живо барем едно дете па еднаш годишно да ми рече „мајко“ на мојата среќа би й немало крај“, вели Мустафиќ.
По толку многу години трагање и чекање, многу семејства сè уште не ги нашле остатоците на своите сакани. Коските на убиените жители на Сребреница, според експертите, се преместени неколку пати во различни масовни гробници, што го прави потежок процесот на идентификување.
„Изгледа дека на сите им одговара процесот на идентификација да се одолговлекува, а семејствата се на крајот на силите. Многумина починаа и не дочекаа да ги закопаат своите сакани“, рече Хајра Чатиќ, претседателка на здружението Жените на Сребреница.
Стотици неидентификувани остатоци се наоѓаат во центарот за идентификација во Тузла. Некои од нив не можат да се идентификуваат бидејќи нивните семејства се убиени. Има голем број тенки коски што не можат да се употребат за да се утврди ДНК и според тоа, не може да се утврди каде припаѓаат.
„Семејствата на жртвите нè спречуваат во тоа да се [направи] една заедничка гробница во која би се закопале неидентификуваните коски. Тие се надеваат дека телата на нивните најмили во иднина ќе бидат идентификувани, [но] чувањето на тие скелети чини [400.000 евра] рече за SETimesАмор Машовиќ од Институтот за исчезнати лица.
Во неколку прилики беше извршена повторна ексхумација на закопаните тела, за да се додадат коските најдени подоцна и идентификувани во други масовни гробници.
„Во текот на идентификацијата на остатоците, се поставува прашањето дали да се закопаат некомплетирани посмртни остатоци или евентуално да се почека одредено време да се најдат деловите од телата што недостасуваат. Одлуката е исклучиво на семејствата. Честопати семејството одлучува да ги закопа некомплетните остатоци, а ние дополнително најдените делови врз основа на ДНК анализата, повторно со согласност на семејството, ги додаваме на веќе закопаните коски“, рече Кешетовиќ.
Хиба Рамиќ, од Фондацијата Вељаци-Братунац, рече дека семејствата на жртвите се плашат од уништување на посмртните останки.
„Свесни сме дека коските, односно нивниот состав, по одреден период пропаѓаат, така што веројатно ќе го имаме и тој проблем. Затоа сметаме дека е потребно да се почне со закопување на жртвите во заедничка гробница“, рече Рамиќ за SETimes.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's