Државите се борат против детската порнографија

12/12/2012

Нов меѓународен договор ги повикува земјите двојно да ги зголемат напорите за запирање на злоупотребата на децата онлајн.

Менексе Токјај за Southeast European Times во Истанбул -- 12.12.12

photo

Корисници на компјутери во Интернет кафуле во Истанбул. [AФП]

Новиот договор меѓу десетици земји за борба против детската Интернет порнографија може да ги зајакне тековните напори на Турција за решавање на ова прашање.

Неодамна беше формирана Светска алијанса против детската сексуална злоупотреба онлајн, која ја вклучува Турција и 27 земји-членки на ЕУ, на меѓународниот состанок во Брисел. Земјите-потписнички ветија дека ќе сторат повеќе за блокирање на онлајн пристапот до детската порнографија, судски ќе ги гонат оние што ја создаваат и ќе ги поддржат жртвите.

Покрај земјите-членки на ЕУ, Бугарија, Кипар, Грција и Романија, други регионални земји што ја поддржуваат иницијативата се: Албанија, Хрватска, Црна Гора и Србија. Членовите, исто така, се очекува да собираат средства и да спроведуваат заеднички прекугранични полициски истраги за поддршка на целите на алијансата.

Според бројките на ОН, милиони слики на деца што се предмет на сексуална злоупотреба и експлоатација може да најдат онлајн. Властите велат дека има околу 5.000 нови слики на детска порнографија кои се ставаат на Интернет секоја година.

Пратеничката на АКП од Истанбул, Туркан Дагоглу, која е претседателка на турската парламентарна Комисија за мониторинг на правата на децата, изјави заSETimesдека меѓународната соработка е клучна во борбата против детската порнографија со оглед на тоа што мрежите зад истата се честопати и самите глобални.

„Меѓународните мрежи на педофилија претежно го искористуваат недостигот на размена на информации и правните дупки меѓу и во земјите“, рече Дагоглу, која учествуваше на конференцијата во Брисел.

„Сексуалната злоупотреба на деца не претставува прашање кое може да се реши преку ноќ, туку е нешто што бара интензивен процес на фокусирање на ова прашање.

Турција е вклучена во бројни глобални иницијативи за запирање на онлајн детската порнографија.

Во 2011 година Управата за информатички и комуникациски технологии (БТК), турска агенција за следење на Интернетот, стана членка на Меѓународното здружение на Интернет директни телефонски линии.

„Таа мрежа нуди можност за пријавување Интернет материјал што содржи примери на нелегална детска сексуална злоупотреба, за истиот да може да се отстрани и испита преку надлежните агенции за спроведување на законот и провајдерите на Интернет услуги преку кои се дава таа содржина“, рече за SETimesТајфун Ачарер, директор на БТК.

Ачарер додава: „Ова членство послужи за создавање поконцентрирана и подобро координирана акција на светско ниво со размена на најдобрите практики и собирање средства за проблемот кој не познава граници“.

Во меѓувреме, БТК поддржува најразлични домашни иницијативи за борба против детската порнографија на Интернет. Во ноември 2011 година истата го формираше Центарот за информирање и известување „со цел да им се обезбеди на граѓаните можност да нé известат за сите незаконски и штетни содржини што се шират преку Интернетот“, рече Ачарер.

Според Дагоглу, ваквите напори би биле поефикасни ако приватниот сектор, исто така, користи нови технологии за поддршка на борбата против детската порнографија.

„На пример, Мајкрософт оваа година разви моќна технологија заснована на совпаѓање на сликите, наречена ФотоДНА, како поддршка за спроведувачите на законот во справувањето со детската порнографија“, рече таа за SETimes. „Технологијата се користи за наоѓање, известување и елиминирање на сликите на детска порнографија кои претходно беа незабележани.“

Сепак, Нукет Иситен професор и експерт за детска психологија во истанбулскиот Универзитет Ускудар, ги признава тековните напори, но вели дека затворањето на веб-страниците на кои има ваква злоупотреба е само дел од решението.

„Затворањето на ваквите страници не претставува долгорочно решение бидејќи секој ден може да се отворат, па дури и затворат нови. Овие страници може да работат со различен формат“, рече таа за SETimes. „Според тоа, клучно е да се отстранат сите олеснувачки средства за достап до страниците со детска порнографија.“

Поврзани написи

Loading

Истен додава дека владата и другите засегнати страни треба да обрнат поголемо внимание на веб-страниците на социјалните мрежи, каде што децата се подложни на манипулација од предаторите. Возрасните честопати се претставуваат како малолетници онлајн за да се здобијат со доверба кај младите пред да иницираат друг вид контакт.

„Во текот на мојот професионален живот, видов многу деца кои станале жртви на онлајн сексуалната злоупотреба поради неконтролирана комуникација со онлајн мрежата на престапниците во социјалните платформи“, рече Истен.

„Меѓу нив, значителен број деца стануваат сведоци на непосакувано животно искуство што резултира со тешки психолошки трауми и бара долго лечење и процес на следење поради пострауматскиот стрес што тие го создаваат“, рече таа.

Глобалната алијанса ќе објави конкретни мерки до 1-ви април 2013 година, кои треба да се преземат против онлајн злоупотребата на малолетниците, истовремено советувајќи ја јавноста за некои специфични мерки на претпазливост што може да ги преземат во блиска иднина, објавија претставниците.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар