Ѓукановиќ вети дека ќе се бори против корупцијата

12/12/2012

Многу се очекува од Мило Ѓукановиќ во неговиот седми мандат како премиер.

Недељко Рудовиќ за Southeast European Times во Сараево – 12.12.12

photo

Mило Ѓукановиќ рече дека неговата влада ќе се фокусира на борбата против корупцијата и организираниот криминал. [AФП]

Мило Ѓукановиќ рече дека неговото враќање на позицијата премиер по двегодишното отсуство ќе ја унапреди евроатланската интеграција на Црна Гора и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Ѓукановиќ беше на власт од 1991 година и сега го служи својот седми мандат на премиерската функција, при што беше и претседател на државата.

Во новата влада има четворица вицепремиери и 14 министри, од кои шестмина се нови.

„Од вас се очекува многу, да го зајакнете владеењето на правото во Црна Гора, да се борите против корупцијата и организираниот криминал, да го охрабрите одржливиот развој и да ги консолидирате јавните финансии“, рече Ангела Меркел, канцеларка на Германија, во својата телеграма со честитки до Ѓукановиќ.

Но, Далиборка Уљаревиќ, извршна директорка на Центарот за граѓанска едукација во Подгорица, рече дека ситуацијата покажува целосна доминација на личните и партиските интереси на Ѓукановиќ над оние на јавноста.

„Ситуацијата може да се нарече политичка декаденција. Одбраниот тим кој го опкружува во владата недвосмислено посочува дека партиската припадност и лојалноста кон Ѓукановиќ биле клучни за овој избор“, рече Уљаревиќ за SETimes.

„Артикулирајќи ги тие интереси, Ѓукановиќ сфати дека неговата посветеност на политиката на евроатланска интеграција е клучна за продолжување на неговиот политички живот“, рече Уљаревиќ. Радован Асановиќ, претставник на опозицискиот Демократски фронт, рече дека владата на Ѓукановиќ не нуди ништо ново, туку само реторика.

„Оваа влада не е за народот, туку е од пред 20 години и не ги задоволува условите на ЕУ“, рече тој за SETimes.

Ситуацијата резултира со многу заслабнат старо-нов премиер, според аналитичарите.

„Можеби е ова последен знак на дофатот на Ѓукановиќ бидејќи ова е враќање од слабост, а не од сила“, рече Уљаревиќ.

Но, според Момчило Радуловиќ, генерален секретар на Европското движење во Црна Гора, Ѓукановиќ се вратил бидејќи бил главниот говорник за време на изборите и создал значителни очекувања во јавноста.

Поврзани написи

Loading

„Ако Ѓукановиќ не ја заземеше премиерската функција, тоа ќе се сфатеше како неодговорност и недостиг на храброст за справување со големите проблеми, како и економската криза. Таквата ситуација ќе водеше до драстични последици по рејтингот на владејачката Демократска партија на социјалистите“, рече Радуловиќ заSETimes.

Што се однесува до борбата против корупцијата и организираниот криминал, Црна Гора има конкретни обврски што мора да ги исполни во процесот на интеграција во ЕУ. Но, Ѓукановиќ беше предмет на неколку истраги за корупција и италијанските власти го сметаат Ѓукановиќ за осомничен во профитабилната балканска мрежа на шверц со цигари во 1990-тите.

Радуловиќ рече дека вмешаноста на Ѓукановиќ во криминални активности не е докажана во ниеден суд.

„Ако пред јавноста и судот биде претставен доказ [за неговата вина], бидете уверени дека очекувањата на меѓународната и домашната јавност ќе бидат поразлични“, рече тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар