Бугарија мора да обезбеди подобра практика во кривичното право

12/12/2012

Кривичното право е најслабата област на владеењето на правото во Бугарија, според неодамнешниот извештај на Проектот светска правда.

Светла Димитрова за Southeast European Times во Софија -- 12.12.12

photo

Недостигот на високостручни судии предизвикува проблеми во секторот на кривичното право. [AФП]

Обезбедувањето ефикасна кривична правда останува голем предизвик за Бугарија, како што покажа неодамнешниот извештај на Проектот светска правда (ПСП).

Третиот годишен Индекс на владеењето на правото на оваа меѓународна невладина организација покрива 97 земји и ги рангира во осум области како што се: ограничувањата на владините ингеренции, корупцијата, безбедноста, основните права, отворената влада, спроведувањето на регулативата, граѓанското право и кривичното право.

Бугарија беше рангирана на 81-вото место во светот, зад Русија, Украина и Пакистан, за кривичното право.

Најдобри резултати во областа на кривичното право во регионот имаат Босна и Херцеговина (БиХ) и Романија, кои се рангираа на 29-тото, односно 33-тото место.

Рангирањето на БиХ е засновано на нејзиниот резултат 0,62 од можни 1,0 за овој фактор, поради високите оценки за „кривичните дела се ефикасно истражени“ (0,75) и „кривичниот систем гарантира право на фер и непристрасно судење за сите“ (0,70).

Крајната оценка на Романија за кривичното право е 0,60. Како и БиХ, нејзините најдобри резултати во оваа категорија беа во „кривичните дела се ефикасно истражени“ подфактор (0,72). Нејзина втора најдобра оценка беше „системот на кривично право е непристрасен“ (0,71).

Грција доби 0,74 за подфакторот „кривичниот систем е ослободен од несоодветно владино влијание“, додека најниската оценка од 0,22 беше дадена за ефикасноста на нејзиниот затворски систем во намалувањето на криминалното однесување.

Грција се рангираше на 46-тото место во однос на кривичното право, зад Македонија и Хрватска, кои се рангираа на 41-вото и 42-рото место, но пред Србија (60-то место), Турција (71-во место), Албанија (74-то место) и Молдавија (75-то место).

Бугарските експерти и аналитичари не се изненадени од слабото рангирање на нивната земја во однос на овој специфичен фактор на владеење на правото.

„Има две главни причини за ова“, рече за SETimesМаја Златева. „Прво, за судиите независноста на судот стана синоним за апсолутна [власт], со која тие сè повеќе се сметаат себеси за светиња, заборавајќи дека нивната задача е да му служат на јавниот интерес.“

„Второ, постои сè поголема тенденција низ целиот судски систем за формализам во примената на правото, како кривичното, така и граѓанското право“, рече таа, наведувајќи го истовремено „недостигот на високостручни судии, политичкиот и корпоративниот притисок врз судиите и корупцијата“.

Други експерти го истакнуваат недостигот на механизми за одговорност на судиите за слабото правосудство или заглавените судски случаи и штетното долготрајно непријателство меѓу судот и обвинителството.

Според Тихомир Безлов, постар аналитичар во софискиот Центар за проучување на демократијата, ситуацијата во бугарскиот судски систем „е драстично влошена“.

Поврзани написи

Loading

„Независноста на судот послужи како отскочна штица кон апсолутната моќ и последователно, апсолутната корупција“, рече тој за SETimes.

И покрај напорите за подобрување на имиџот на судот во последниве години, само 9 отсто од бугарските граѓани сметаат дека истите довеле до позитивни промени, се истакнува во најновиот извештај на софиската агенција за испитување на јавното мислење Алфа рисрч.

„Луѓето ја наведуваат корупцијата и политичкиот притисок како основни проблеми во бугарските институции за спроведување на правото: полицијата, истражителството, обвинителството и судот“, рече за SETimesЉубомир Тодораков, истражувач во агенцијата.

Некои граѓани, како жителката на Софија, Мила Димитрова, велат дека единствен начин да се подобри сегашната ситуација е да се „формира еден вид судски одбор или да се стави системот под директна контрола на ЕУ“.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар