Судски процес во Македонија ја покажува „зрелоста“ на земјата

21/09/2012

Сега й се суди на група криминалци кои, наводно, го тероризирале источниот дел од Македонија.

Горан Трајков за Southeast European Times во Скопје -- 21.09.12

photo

Групата што се суди е обвинета за поседување неколку нелегални казина низ целата земја. [Архива]

Како дел од една од најголемите акции на државата против организираниот криминал, на 16 обвинети сега им се суди за насилнички и финансиски кривични дела во Македонија. Според анализите, судењето покажува дека земјата почнува да ја интензивира борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Полициската акција „Детонатор“, која започна во март, беше спроведена во неколку градови во источна Македонија. Истата резултираше со запленување на 1.000 покер машини, како и разрешување на неколку командири на полициски станици и началникот на полицијата во Штип.

Групата е обвинета за перење пари, лихварство, рекетирање, изнуда и обид за убиство.

„Добро е за зрелоста на една држава што се случи една ваква акција, бидејќи ние треба да работиме на спречување на криминалот на секое ниво. Мислам дека ова покажува оти нашата земја работи со полн капацитет [во борбата против организираниот криминал]“, рече заSETimesСтојан Славески, декан на Факултетот за детективи и криминологија на Европскиот универзитет во Скопје.

Според обвинителството, Титан груп била организирана во неколку градови каде што вршеле изнуда, рекетирање и перење пари. Тие, исто така, поседувале нелегални казина.

Членовите на групата биле, наводно, вклучени и во фалсификување евра и учествувале во производство и продажба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Сите обвинети на судењето кое започна на 12-ти септември рекоа дека се невини по сите обвиненија. Од 16 обвинети, двајца -- Сашко Стојчев и Симеон Михајлов -- остануваат на слобода.

Откако се појавија обвинувањата, Министерството за внатрешни работи замени 13 командири на полициски станици и началникот на полициската станица во Штип.

Истрагите покажаа дека во 77 случаи полицајците не реагирале соодветно на пријавите на граѓаните дека биле оштетени од криминална банда. Кривичните дела биле заменети со лесни прекршоци, а пријавите биле затворени како „поплаки“.

Поврзани написи

Loading

Македонската министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, рече дека акцијата покажува оти оние што мислат да се скријат од одговорноста за криминал зад некоја политичка припадност или професија, дека тоа нема да им успее.

Но, Славески рече дека работата на државата не е завршена. „Мора да се направи подлабока анализа за тоа кој, всушност, ги поддржувал криминалците. Кој ги следел и на некој начин ги помагал? Јас целосно ја поддржувам акцијата, но ние не треба да запреме тука“, рече тој за SETimes.

Некои граѓани се согласуваат.

„Сé уште има места каде што можете да одите за нелегален покер или да играте на машини. По оваа акција луѓето се охрабрени да ги пријават ваквите случаи во полиција, не стравувајќи дека некој ќе се одмазди. Што е добро. Но, сепак, треба да се направи поголемо ,чистење’“, рече за SETimesДимитар Велковиќ, студент од Куманово.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар