Турција и понатаму мирно се спротивставува на филмот

20/09/2012

Протестите за перцепираните навреди против исламот отсекогаш биле повоздржани во Турција во споредба со многу други земји, вели еден аналитичар.

Алакбар Рауфоглу за Southeast European Times - 20.09.2012

photo

Протестите против филмот „Невиноста на муслиманите“, кој се смета за навредлив кон пророкот Мухамед, остануваат мирни во Турција. [Ројтерс]

Шокирани од протестите со човечки жртви во Египет, Либија и во другите муслимански држави против еден анти-исламски филм, кој се смета за навредлив кон пророкот Мухамед, политичките и верските лидери во Турција се ефикасни во повикувањето на своите следбеници да покажат воздржаност.

„Филмот го навредува исламот, а пророкот е претставен како злобен и провокативен. Секој кој прибегнува кон насилството, всушност се обидува да ги провоцира Муслиманите“, изјави премиерот Реџеп Таип Ердоган. „Ние нема да паднеме во стапицата на провокација. Оние кои прибегнуваат кон насилство, самите ќе се сметаат за провокатори на Муслиманите; а, ние го отфрламе тоа“.

Вооружена толпа го запали американскиот конзулат во Бенгази на 11. септември, при што загинаа амбасадорот Ј. Кристофер Стивенс и тројца други претставници. Иако протести избувнаа во најмалку 20 земји, во само неколку од нив, меѓу кои Индонезија, Авганистан, Тунис, Египет, Јемен и Мароко, тие се претворија во насилство.

Над 30 лица загинаа во светот, меѓу кои и 12 лица кои загинаа во напад на жена бомбаш-самоубиец во Кабул, во вторникот (18. септември).

Американската влада нема никаква врска со филмот „Невиноста на муслиманите“, кој беше снимен приватно од страна на еден инвеститор со недвижности.

Во Анкара, демонстранти се собраа двапати пред американската амбасада, извикувајќи слогани и палејќи го американското знаме, но протестите беа мирни и безбедносните сили не беа принудени да реагираат.

За политичарите во Анкара, како што е Емрулах Ислер, претседател на Турската група во Организацијата на парламентарната унија на исламската конференција, насилните демонстрации во име на исламот „им служат добро“ на радикалните групи во исламскиот свет.

„Треба да разбереме дека радикалните групи бараат изговор за да го покажат нивното постоење и да ја шират својата пропаганда“, изјави Ислер за SETimes. „Навредите на пророкот никогаш не можат да бидат оправдани, но дури и да е така, ова не може да биде причина за терор“.

Некои верски водачи, исто така, го осудија крвавиот фанатизам во име на исламот.

Во изјавата за SETimes, Мустафа Саид Јазичоглу, професор по верски студии и поранешен шеф на Претседателството за верски прашања, рече дека муслиманите ширум светот треба да најдат "граѓански начин" за да го покажат своето несогласување или бес на кои било провокации на нивните чувства.

„Ако сите овие [протести] се поврзани со филмот кој ги навредува исламот и пророкот, демонстрациите не треба да се одвиваат на улица, туку да бидат во форма на цивилни дискусии, како што е покренувањето на оваа тема во меѓународните организации“, рече Јазичоглу, кој беше одговорен за верските прашања во кабинетот на Ердоган до минатото лето.

„Турција“, рече тој, „прави сè што е можно да се воздржи од искажување чувства во врска со филмот. Гледаме дека луѓето во арапските земји масовно излегуваат на улиците во име мирот, но предизвикуваат повеќе смрт. Која е логиката зад ова?“ рече тој.

Герет Џенкинс, виш научен соработник во Институтот за безбедност и за развојна политика во Истанбул, изјави дека протестите за перцепираните навреди против исламот отсекогаш биле повоздржани во Турција во споредба со многу други земји.

„Исто беше кога имаше протести за анти-исламските цртани филмови“, рече тој. „Не мислам дека тоа значи дека радикалните исламисти во Турција се нужно помалку лути, но се чини дека тие можат да покажат поголема самоконтрола, како и да направат разлика помеѓу нешто што се случува во една земја и владата на таа земја одговорна за тоа“.

Поврзани написи

Loading

Протестите во минатото понекогаш биле насилни. Во 1993. година, 37 луѓе биле убиени во Сивас кога толпа од 10 000 луѓе се обидела да го линчува Азиз Несин за преводот на „Сатанските стихови“, приказна на Салман Ружди за пророкот Мухамед, која му донесе смртна казна на авторот.

„Турција сè уште има голем проблем со верската нетолеранција“, рече Џенкинс. „Но традиционално најлошото насилство, како на пример тоа во Сивас, било насочено кон други турски државјани, а не кон странци“.

Сепак, повеќето Турци многу бргу откако дознале за постоењето на новиот филм, прочитале и за американската осуда на истиот.

„Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, исто така, брзо го осуди филмот и насилството. Веројатно и тоа помогна“, рече тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар