Романија и Бугарија им даваат проритет на случаите на шверц

18/09/2012

Двете земји и понатаму се борат со оваа појава, и покрај чекорите што се преземени за борба против истата.

Пол Чикои за Southeast European Times во Букурешт -- 18.09.12

photo

„Властите мора да ги развијат сиромашните заедници од каде што доаѓаат повеќето жртви, за да можат луѓето да имаат видлива алтернатива“, рече за SETimes шефот на романската организација за борба против шверцот Ричинг аут. [Виктор Барбу/SETimes]

Најмалку 540 Бугари беа жртви на шверцот со луѓе во 2011 година, додека Романија испита скоро 900 слични случаи минатата година. Зголемувањето, кое се припишува на сексуалната злоупотреба, потврдува дека двете земји остануваат како изворни, така и транзитни области во регионот за ваквите нелегални активности, велат експертите.

Во Романија бројот на случаите во 2011 година е зголемен од 717 претходната година. Во исто време, антикорупциските власти подигнаа обвиненија против 480 луѓе во овие случаи, во споредба со 407 во 2010 година. Повеќе од 270 прекршители се осудени, што претставува зголемување од 203 пред две години. Во Бугарија, од 112 прекршители осудени минатата година, 95 добиле судска казна за секс-шверц.

„Бројот на оние со ефективни казни се зголеми минатата година. За првпат досега ... имаме казни од преку 10 години затвор, од кои шест беа донесени во 2011 година. Ова е прв сериозен чекор ... да им се покаже на граѓаните и криминалците дека вторите не се недопирливи“, рече Антоанета Василева, главен секретар на Националниот комитет за борба против шверцот со луѓе, за Бугарското национално радио.

Групата експерти во акција против шверцот со луѓе (ГРЕТА) на Советот на Европа во јуни заклучи дека Романија, и покрај тоа што презеде чекори за борба против оваа појава, треба да обрне повеќе внимание на неколку аспекти.

Засилувањето на координацијата и соработката меѓу сите актери за борба против шверцот, мора да биде организирано и има потреба од понатамошни мерки за фаќање во костец со oсновните причини за шверцот особено преку зајакнување на пристапот до образованието и работните места за ранливите групи, се вели во извештајот.

ГРЕТА, исто така, препорача понатамошна обука на релевантните стручњаци, особено пограничниот полициски персонал, кој може крајно да ги препознае и идентификува жртвите на шверцот со луѓе, практична помош и ефикасен пристап до надоместок и правен лек за жртвите.

Во однос на истрагата и судското гонење, Советот на Европа го повика Букурешт да ги интензивира проактивните истраги за шверц поради трудова експлоатација и за евентуална вмешаност на јавните функционери во кривични дела поврзани со шверцот со луѓе.

Но, оваа појава и понатаму цвета поради несигурната економска средина, предупредуваат експертите на ГРЕТА.

„Како што е општо познато, подобрувањето на економските и социјалните услови во земјите на потекло и мерките за справување со сиромаштијата претставуваат ефикасен начин за спречување на шверцот“, рече за SETimes Клаудија Лам, експерт во ГРЕТА.

Таа рече дека предрасудата е главна пречка за социјалната реинтеграција на жртвите. „Тоа има последици за пристапот до училиштата, професионалната обука и, особено во времиња на тешки економски услови, пазарите на работна сила“, рече таа.

Лам, исто така, истакна дека една изложена социјална категорија се децата на повеќе од два милиони Романци што работат во странство. „Децата што се оставени од родителите кои заминале во странство, претставуваат група ранлива на шверцот со луѓе во Романија и ние ја истакнуваме потребата романските власти да ги зајакнат превентивните мерки во поглед на ваквите деца“, рече таа.

Во писмената изјава до SETimes, Националната агенција за борба против шверцот со луѓе вели дека минатата година им помогнала на 807 жртви, како во правните постапки, така и во советувањето. Повеќе од 60 жртви се репатрирани минатата година, од кои 27 претрпеле сексуална експлоатација, 22 биле експлоатирани за работа, додека 10 биле искористени за просење, вели агенцијата.

Агенцијата, исто така, вели дека му придава голема важност на подигањето на свеста за шверцот со луѓе, организирајќи повеќе од 1.250 превентивни дејства во исто толку образовни институции во 2011 година.

Но, стручњаците предупредуваат дека за борбата против растечкиот феномен треба нешто повеќе од образование.

Поврзани написи

Loading

„Властите мора да ги развијат сиромашните заедници од каде што доаѓаат повеќето жртви, за луѓето да имаат остварлива алтернатива“, рече за SETimes Јана Матеи, претседателка на романската организација за борба против шверцот со луѓе „Ричинг аут“. „Тие може лесно да го направат тоа со пристап до европските фондови“, додаде таа.

Во исто време, на образовниот систем му треба целосен пресврт, додаде Матеи.

„Ни требаат деца способни за развивање лично, независно размислување, кое води до солидно животно искуство. И последно, но не и помалку важно, ни треба децентрализација на системот на борба против шверцот со луѓе бидејќи, како еден пример, ние, како невладини организации, не знаеме што се случува со жртвите отако ќе бидат репатрирани.“

„Но, сите тие бараат централна координација, а за жал, нема политичка волја во тој поглед“, рече таа.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Регионот зазема став против корупцијата во фудбалотРегионот зазема став против корупцијата во фудбалот

По години обременети со скандали, официјалните претставници преземаат чекори за ставање крај на корупцијата и на криминалот во фудбалот.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Aмерикански брод и екипаж ги вршат последните подготовки за да го неутрализираат најопасниот дел од сирискиот арсенал на хемиско оружје. Колку според вас е важна оваа операција за заштита на цивилното население од хемиско оружје?

Многу е важна
Не е многу важна
Воопшто не е важна
Не знам