Турција го зголемува својот културен отпечаток на Балканот

05/09/2012

Реставрацијата ја поттикнува почитта и влијанието на Турција низ целиот балкански регион.

Менексе Токјај за setimes Turkiye во Истанбул -- 05.09.12

photo

Мостот на Дрина во БиХ беше една од градбите што беа реставрирани. [Ројтерс]

Турција зазема повеќедимензионален пристап во надворешната политика во однос на балканскиот регион, при што еден од нејзините фокуси е на зачувувањето на историјата.

Tурската Агенција за меѓународна соработка и развој (ТИКА) спроведува важни проекти на реставрација низ сите балкански држави, кои беа под отоманска власт од 15-тиот до 19-тиот век, за зачувување на културното и историското наследство.

За време на отоманското владеење беа изградени 15.787 градби, како што се гробници, џамии, медреси, амами (турски бањи), мостови и фонтани. Но, во текот на војните во регионот повеќето од нив беа сериозно оштетени.

Андрас Рајдлмаер, специјалист за уметничка документација на Универзитетот во Харвард, рече дека отоманското наследство на Балканот е заедничко наследство на сите балкански народи, и неговото зачувување е нешто што не ги засегнува само етничките Турци или Република Турција.

„Турција е најголемата и најпросперитетната од земјите-наследнички на Отоманската империја во Југоисточна Европа. Како таква, таа треба да биде пофалена за помошта во зачувувањето на ова долго време занемарувано отоманско, и европско, наследство“, рече тој заSETimes, додавајќи дека културната дипломатија може да придонесе за градење добрососедски односи и има други потенцијални долгорочни предности.

Реставрацијата неизбежно ја поттикнува почитта и влијанието на Турција врз земјите-домаќини. Според експертите, присуството на турскиот отпечаток во секоја балканска држава со реставрацијата на историските споменици и другите артефакти уште еднаш ги покажува длабоко вкоренетите врски меѓу турската и балканската географија, како и заедничкото историско сеќавање.

Во Албанија, пак, реставрацијата на џамијата Паруце й даде на муслиманската заедница место за дневните молитви. Во БиХ, реставрацијата на мостот на Дрина послужи за зачувување на мостот на листата на светското наследство на УНЕСКО преку протоколот потпишан меѓу ТИКА и општина Вишеград. Дополнително, ТИКА обнови неколку отомански џамии во Македонија.

Во Косово, каде што има значителен процент етнички Турци, ТИКА се фокусира на зачувувањето на културното наследство во соработка со Министерството за култура, млади и спорт на земјата и Косовската исламска заедница.

Од 2004 година, кога беше воспоставена во Косово, ТИКА реализираше реставрација, репарација и одржување на седум градби низ целата земја, од џамии до изградба на страничен ѕид на отоманските гробишта, каде што се наоѓаат важни гробници на шеици од отоманските времиња.

„Како и во другите држави на Балканот, има значителен број историски артефакти кои се останати од отоманските времиња“, рече заSETimes Адем Урфа, координатор на приштинската програма на ТИКА. „За жал, овие артефакти не можеа да се зачуваат соодветно досега поради незаинтересираноста и економските недостатоци. Според тоа, нашата цел е да се поддржат овие градби кои се, всушност, заедничко наследство на целото човештво.“

За да ја осигури одржливоста на своите иницијативи, ТИКА, исто така, спроведува образовни програми со цел да се зголеми капацитетот на косовските власти за заштита на културното наследство, како и размената на теренски искуства.

Минатиот месец турскиот вицепремиер Бекир Боздаг го посети Косово за да го даде претстојниот временски распоред за проектите.

„Планираме да реализираме пет проекти [во периодот 2012-2013 година], со 3,7 милиони евра“, рече заSETimes Урфа, додавајќи дека проектите вклучуваат реставрација на отомански џамии, амами и пејзажно планирање во Приштина, Призрен, Јањева и Вуштрија.

Зачувувањето на отоманското наследство на Балканот, и особено џамиите, исто така, значи заштита на муслиманското население во регионот.

Исуф Гаши (69) од Приштина секојдневно оди во џамиите. „Долго време џамиите единствено сведочеа за уништување, беа непријатно место за посета и практикување на религиозните убедувања. Неопходно беше конечно да се реставрираат и јас сум многу задоволен“, рече Гаши заSETimes.

Проектите за реставрација спроведени од ТИКА, исто така, придонесоа за зголемување на привлечноста на овие држави како во културна, така и во историска смисла, додека значително придонесоа и за националната економија преку културниот туризам. „На пример, гробницата на султан Мурат, која беше обновена и одржувана од ТИКА, привлече скоро 10.000 туристи само во 2011 година и имаше вистински придонес за урбаната економија“, рече Урфа. Шансивар Хаџијај, постар советник на косовскиот министер за култура, млади и спорт, заSETimes изјави дека зачувувањето на културното наследство е еден од приоритетите за министерството да го зајакне туристичкиот столб.

„Значи, ние имаме важни меѓународни партнери што ги поддржуваат нашите напори во оваа област, како ТИКА, Советот на Европа, западните амбасади“, рече Хаџијај.

Поврзани написи

Loading

Во Романија, со која Турција има 134 години историја, поправките и реставрацијата на турско-исламските споменици се спроведуваат во партнерство со државните институции, турските бизнисмени и локалната заедница. Значителен процент од џамиите во државата и гробниците мора итно да се реставрираат, велат експертите.

Но, изразувањето интерес и великодушноста не доделуваат право на објектите, рече Рајдлмаер, додавајќи дека најдобар начин да се градат добрите односи е да се покаже почит за вистинските сопственици на ова скапоцено наследство: народите од балканските држави.

„Донаторските држави и нивните агенции за помош мора да одолеат на искушението да докажуваат „сопственост“ над проектите на реставрација и спомениците кои ги спонзорираат. Техничката и финансиската помош мора да биде придружена со почит за локалните закони и регулативи и соработка со локалните власти за зачувување во балканските држави.“

Дописниците на SETimes Габриел Петреску во Букурешт и Сафет Кабашај во Приштина дадоа свој придонес за овој напис.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Focus on Ukraine

Репортажа

Армиите на Балканот покажуваат соработка во кризни ситуацииАрмиите на Балканот покажуваат соработка во кризни ситуации

Експертите и официјалните претставници се согласуваат дека соработката помеѓу вооружените сили се покажува како скапоцена во справувањето со природните непогоди.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Војските во Југоисточна Европа работат заедно да им помогнат на граѓаните во соседните земји во вонредни ситуации и катастрофи. Дали ги поддржувате дополнителните вежби за соработка за поддршка на оваа мисија?

Да
Не
Не знам