Три лица уапсени во хрватската акција против корупцијата

27/08/2012

Борбата против корупцијата е приказна без крај која Хрватска мора да ја продолжи за доброто на своите граѓани, велат експертите и властите.

Дражен Ремиковиќ за Southeast European Times во Загреб -- 27.08.12

photo

Полицијата го испитува купувањето на недвижности од страна на хрватската филијала на НКБМ. [НКБМ]

Заедничката истрага на властите во Словенија и Хрватска за разбивање на можниот синџир на банкарска корупција, претставува доказ дека Хрватска нема да толерира коруптивни практики, рече Никола Крстиќ, претседател на Трансперенси интернешнал Хрватска.

Истрагата, која е насочена против хрватската филијала на втората по големина банка во Словенија, НКБМ, се вели дека ја чинела банката 60 милиони евра. Уапсени се најмалку три лица, вклучително и Матјаж Ковачиќ, поранешен извршен директор на НКБМ.

Полицијата го испитува купувањето на недвижности од страна на хрватската филијала на НКБМ, КБМ Проект, која е осомничена за доделување кредити на фиктивни претпријатија во Хрватска. Полицијата смета дека претпријатијата купувале земјиште меѓу 2006 и 2009 година, а потоа й го препродавале на КБМ Проект по многу повисоки цени, како што објави Ројтерс.

Официјалните претставници во словенечката банка, КМЦ Проект и хрватската антикорупциска полиција, УСКОК, одбија да дадат коментар за SETimes.

Ковачиќ поднесе оставка од функцијата во банката во јануари, поради сомневањата за зделки на банката со сега веќе банкротираното градежно претпријатие Конструктор, и ревизијата на централната банка, според „Словенија тајмс“.

Крстиќ изјави за SETimes дека верува оти јавноста ќе продолжи да им верува на банките.

„Можеме да видиме дека борбата против корупцијата сé уште се води во земјите-членки на ЕУ, како што се Романија, Бугарија, Словенија, така што, во суштина, тоа е приказна без крај“, рече тој. „Но, граѓаните сепак очекуваат резултати од обвиненијата за корупција. Кога ќе се случи тоа, истото ќе биде показател за сериозноста на пристапот во однос на борбата против корупцијата.“

Драгутин Лесар, член на парламентарниот Национален совет за следење на спроведувањето на антикорупциската стратегија, рече дека јавноста е сосема свесна за длабочината на корупцијата која Хрватска ја има во изминатите 20 години.

Поврзани написи

Loading

„Затоа, владата мора да постави максимално транспарентни правила кои ќе важат за сите“, рече тој за SETimes. „Верувам дека Хрватска ќе добие позитивна оценка за борбата против корупцијата од ЕУ, но властите мора да сфатат дека мораме да се бориме против истата заради народот, а не заради некои регулативи на ЕУ.“

Официјални претставници на Министерството за внатрешни работи велат дека рејтинзите на европските власти и експертите во однос на напорите за борба против корупцијата, досега се позитивни. Хрватска сé уште е под мониторинг на Европската комисија, откако го затвори поглавјето 23 од преговорите за пристапување на ЕУ, коe го покрива судскиот систем.

„Не правиме никаква разлика меѓу ,високо’ и ,ниско’ ниво на корупција“, изјави за SETimes Јелена Бикиќ, портпаролка на министерството. „Хрватска го намали нивото на корупција, но тоа е појава која тешко може целосно да се искорени. Владата подготви неколку акциски планови и стратегии во врска со борбата против корупцијата, кои се успешно спроведени.

„Направено е повеќе во поглед на координацијата на државните институции и нивната контрола, обуката на персоналот, што резултираше со намален број на обвиненија за корупција“, рече таа.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

ЕУ го менува економскиот пристап кон БалканотЕУ го менува економскиот пристап кон Балканот

Унијата поставува нови критериуми за членство за земјите-кандидатки и за потенцијалните кандидати.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Aмерикански брод и екипаж ги вршат последните подготовки за да го неутрализираат најопасниот дел од сирискиот арсенал на хемиско оружје. Колку според вас е важна оваа операција за заштита на цивилното население од хемиско оружје?

Многу е важна
Не е многу важна
Воопшто не е важна
Не знам