Бројот на Србите во северно Косово е спорен

20/08/2012

Косовските агенции и Белград спорат околу бројот на Србите што живеат во северно Косово.

Линда Карадаку за Southeast European Times во Приштина -- 20.08.12

photo

Бројот на Србите што живеат во северно Косово не е сигурен. [Ројтерс]

Додека се чека објавувањето на резултатите од минатогодишниот попис следниот месец, конфузијата околу тоа колку Срби живеат во северно Косово се интензивира. Прашањето е усложнето со фактот дека Србите од северот одбија да учествуваат на пописот на населението минатата година.

Резултатите ќе ги вклучат бројките од 34 косовски општини, но нема да опфатат три општини на северот. Тој број ќе се заснова на прелиминарниот тест на пописот кој беше спроведен на северот во периодот 2008-2009 година.

Тој број на населението, кој изнесува околу 40.000, ќе биде додаден на финалните бројки од пописот, изјави Сабри Заберѓа, директор на Канцеларијата за попис, за косовскиот весник Зери.

Заберѓа рече дека резултатите се очекува да бидат прифатени од Канцеларијата на ОН за проектни услуги, која спроведува градење на мирот, хуманитарни и развојни операции.

Но, не се сите согласни со тоа.

„Не можам да потврдам ништо за тоа. Сé уште не е донесена одлука. Ќе ги дадеме финалните резултати за 34 општини, но немаше попис во три општини на северот“, изјави за SETimes Иса Красниќи, шеф на косовската Агенција за статистика.

Красниќи рече дека неговата агенција има други податоци за населението за северот, кои треба, исто така, да се потврдат. „Косово ќе има статистички податоци за генералниот број на население. Ќе дадеме генерални податоци за цело Косово, вклучително и за северот. Податоците ќе бидат канализирани, но важно е истите да се признаени од Еуростат“, додаде Красниќи.

Косово имаше пробни пописи во 2005, во 2006 и во 2008 година. Повеќе од 71 отсто од Србите во северно Косово учествуваа на тестот во 2008 година, но одбија да учествуваат на самиот попис во 2011 година.

Претпријатието „СтатГИС шкп“ го доби договорот со косовската Агенција за статистика, за ажурирање на податоците на Статистиката по области (СО) во земјата.

„Ажурирањето на податоците на СО беше дел од подготвителните активности за пописот. Алатките и методите што се користеа во овој процес беа одобрени од локалните и меѓународните учесници вклучени во подготвителните активности за пописот“, рече за SETimes Нехат Дервиши, директор на претпријатието.

Рамадан Иљази, коосновач на движењето Фон (Крени го гласот), вели дека бројот на населението на северот не може да се знае со сигурност.

„Треба да сме свесни дека прашањето за Србите што живеат во Косово претставува проблем на векот меѓу Албанците и Србите. Секогаш кога владите на соодветните држави говорат за ова прашање, тоа ја губи практичната и хуманата димензија“, рече Иљази за SETimes.

Поврзани написи

Loading

Но, Белград објави дека има околу 52.000 до 55.000 граѓани на северот на Косово, според податоците од 2009 година. Од тоа, 95 отсто се Срби, а 5 отсто се Албанци, Бошњаци, Горани и Роми. Најголема општина е Северна Митровица, која има повеќе од 20.000 граѓани. Најмала е Зубин Поток, со околу 4.000 жители.

Славица Марковиќ, 52-годишен трговец во Северна Митровица, вели дека нема точни податоци за тоа колку Срби и Албанци живеат на северот. „Луѓето велат дека има од 40.000 до 50.000 Срби. Не знам колку Албанци живеат на северот. Ќе се регистрирам кога српските институции ќе одржат попис“, рече Марковиќ за SETimes.

Пописот од 2011 година во Косово беше прв по 1981 година.

Дописничката на SETimes Ивана Јовановиќ во Белград даде свој придонес за овој напис.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар