Сиромаштијата ги принудува балканските жени да влегуваат во секс-трговијата

15/08/2012

Бројот на балкански жени кои се заплеткани во синџирите на проституција како жртви на трговијата со луѓе, расте драстично во Македонија.

Билјана Лајмановска за Southeast European Times во Скопјe -- 15.08.12

photo

Бројот на жени од балканскиот регион кои се дел од синџирите на трговија со луѓе во Македонија се зголемува. [Архива на SETimes]

Балканските жени кои се жртви на трговијата со луѓе сé повеќе завршуваат во Македонија, според полицијата. Во изминатите седум месеци, 54 жени од балканските земји се уапсени како дел од синџирите на трговија со луѓе.

„Во споредба со претходните години, кога обично девојки од Украина, Молдавија и другите источни земји завршуваа во синџирите на трговија со луѓе во Македонија, сега правците на шверцерите се полокални“, рече за SETimes Владимир Пивоваров, професор на скопскиот Универзитет ФОН и експерт за секс-криминалот во Македонија.

Минатиот месец македонската полиција спроведе акции против синџирите на шверц со луѓе и откри 46 танчерки и придружнички како работат нелегално во барови во македонските градови Тетово, Гостивар и Куманово.

Повеќето од нив беа од други балкански држави -- 22 Србинки, 9 Бугарки, четири албански државјанки, една од Црна Гора, една од Косово и една од Италија. Другите осум беа Македонки.

„Постои евидентен раст. Ова делумно можеби е резултат на поголемата полициска активност во борбата против овој криминал“, изјави за SETimes Иво Котевски, помошник-министер за внатрешни работи задолжен за односи со јавноста.

Според социолозите, причините поради кои девојките и жените се принудени да се свртуваат кон секс-трговијата се главно економски. Додека во минатото сиромаштијата и невработеноста ги туркаше жените од источноевропските држави во синџирите на шверц со луѓе, сега жените од балканските држави одат по истиот пат.

Посиромашната економска ситуација и слабата перспектива на нивните земји ги прави лесни жртви на шверцерите со луѓе.

„Оваа појава е поврзана со сиромаштијата и кризата со која се соочуваат. Се разбира, одредено влијание има и фактот дека семејството во овие држави повеќе ја нема традиционална улога што некогаш ја имало“, изјави за SETimes Илија Ацевски, професор по социологија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Истрагата покажа дека девојките што беа уапсени минатиот месец во Македонија заработувале до 40 евра на вечер, при што бакшишот го делеле со сопствениците на баровите. Во текот на истрагата најдени се неколку илјадници евра скриени во нивните паричници.

Поврзани написи

Loading

Според неофицијалните проценки, шверцот со луѓе во Македонија им носи годишен профит од 50 до 60 милиони евра на организаторите на шверцот со луѓе.

Експертите велат дека е тешко да се процени колку пари се заработуваат преку овој криминал во Македонија, но тие се согласуваат дека истиот е многу профитабилен нелегален бизнис за кој безбедносните сили мора енергично да работат и да соработуваат за да го спречат.

Пивоваров предложи формирање регионален центар, кој ќе им овозможи на безбедносните сили од земјите во регионот да ја интензивираат соработката и да разменуваат информации за спречување на трговијата со луѓе.

„Заканата што произлегува од овој криминал е очигледна. Соработката меѓу шверцерите и препродавачите од регионот и подалеку е интензивна, така што нашиот одговор мора да биде соодветен“, рече тој за SETimes.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар