Бан притиска за решение во спорот околу името

28/07/2012

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, рече пред македонскиот парламент дека е „императив“ долготрајниот спор за името на државата со Грција, да се реши.

Од Мики Трајковски и Горан Трајков за Southeast European Times во Скопје -- 28.07.12

photo

Двете страни мора да покажат посветеност преку промовирање позитивна атмосфера со своите активности и јавни изјави“, рече Бан Ки-мун пред македонскиот парламент во средата (25-ти јули). [Toмислав Георгиев/SETimes]

Посетата на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, на Скопје ги обнови надежите дека ОН ќе помогнат да се стави крај на долготрајниот спор околу името меѓу Македонија и нејзиниот јужен сосед, Грција.

Бан се состана со македонскиот парламент во средата (25-ти јули) и им рече на пратениците дека е посветен на решавање на спорот, кој ја остави Македонија надвор од НАТО и ја принуди да ја прифати официјалната референца „поранешна југословенска република Македонија“ во ОН и меѓународните кругови.

„Двете страни мора да покажат посветеност преку промовирање позитивна атмосфера со своите активности и јавни изјави“, им рече Бан на пратениците. „Морате да се приклучите на ЕУ. Јас сум посветен да помогнам.“

Шефот на ОН вети дека тој и посредникот на организацијата за спорот, Метју Нимиц, ќе најдат решение.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов го повика шефот на ОН да изврши притисок врз Грција да ја почитува Привремената спогодба од 1995 година, која ги формализираше билатералните односи меѓу двете држави, и минатогодишната одлука на Хаг, според која блокирањето од страна на Грција на Македонија, беше нелегално.

„Нашата иднина е блокирана со прашање кое доаѓа од минатото. Од грчките власти бараме да ја следат реалноста“, рече Иванов.

Александар Ѓорѓиев, портпарол на македонската влада, претходно овој месец ја претстави агендата за понатамошните разговори за изнаоѓање решние во спорот за името. Агендата вклучува состаноци меѓу државните претставници и функционери, потпишување декларација за соработка, организирање заеднички образовно-историски комитет, заеднички контакт-центар за министерствата за внатрешни работи и отворање нов граничен премин во близина на Дојран.

Идните состаноци ќе имаат за цел подобрување на дијалогот и зајакнување на меѓусебната доверба, рече Ѓорѓиев.

Поранешниот македонски министер за надворешни работи, Слободан Чашуле, изјави за SETimes дека Грција повеќе нема простор за маневрирање.

„Грција ... ќе мора да ја примени привремената спогодба. Прашањето е со кое привремено име ние ќе пристапиме во меѓународните организации. Резолуцијата 817 [на Советот за безбедност на ОН] е договор за името и членство на Македонија во НАТО и во ЕУ“, рече Чашуле.

Според грчките медиуми, Македонија претставила три сценарија за решавање на проблемот: да се побара членство во ОН под уставното име, да се отвори нов случај пред Меѓународниот суд за правда и да се отфрли привремената спогодба.

Бошко Станковски, докторант по меѓународно право на Универзитетот Кембриџ, изјави за вестите на Фокус претходно овој месец дека Атина ќе се обиде да биде чекор понапред од Скопје.

„Грција ќе се обиде да стопира каква било иницијатива во ОН, објаснувајќи дека спорот за името има последици по безбедноста и како таков не може да се разгледува од Генералното собрание. Можно е Грција да даде одредена иницијатива во преговорите и да се обиде да се претстави себеси како конструктивна страна“, рече Станковски.

Поврзани написи

Loading

Но, Костас Ифантис, вонреден професор по меѓународни односи на Универзитетот во Атина, рече дека времето сега не е добро за каква било надеж дека ќе се реши спорот за името на Македонија, со оглед на економската криза на Грција и новата коалициска влада.

„Не сум оптимист, нема индикации за некакво движење од двете страни, ниту од Скопје, ниту од Атина. Нема напредок, ниту намера за компромис, а грчката влада во моментов не сака да се вклучува во преговори“, рече тој за SETimes.

Македонската јавност, исто така, сака добрососедски односи, но не е подготвена да се откаже од името на својата држава.

„Моето име е Сашо, ми го дал кумот и никој, апсолутно никој, не може да ме нарекува поинаку ... Таков е спорот со нашиот јужен сосед, името на мојата земја е Република Македонија, а не ФИРОМ“, рече за SETimes скопјанецот Сашо Нанов.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар