06/07/2012
Европската комисија проценува дека стотици милијарди евра завршуваат во џебовите на криминалните банди и мафијата секоја година во Европа. За да се спречи тоа потребна е добра правна рамка за конфискување криминален имот.
Линда Карадаку за Southeast European Times во Приштина -- 06.07.12
![]() Персоналот за спроведување на законот во неколку земји може да го одземе имотот стекнат со криминални активности. [Ројтерс] |
По новите правила предложени од Европската комисија (ЕК) да се овозможи конфискација на имот пренесен на трети лица и имот на осомничен кој избегал, Албанија стапи во акција минатата недела.
Властите одзедоа имот на две лица на 26-ти јуни: Шпетим Кадани, кој беше уапсен под обвинение за шверц со дрога, и Васил Бајрактари, кој беше осуден за експлоатација и проституција. Заедничката истрага на Албанија и Италија и полициската операција под тајното име Цезар 1, доведе до одземање на 4 милиони евра имот, вклучително и луксузни хотели, посед врз земјиште, бизниси и станови.
Сé на сé, спроведувањето на законите за запленување и конкретно одземање на имот во сопственост и добиен преку криминални активности останува предизвик во регионот.
Едно решение, како што изјави за SETimes Дру Суливан од непрофитниот Проект за организиран криминал и пријавување корупција, е да се реинвестира запленетиот имот во самите напори за спроведување на законот, всушност за пополнување на специјалниот фонд за борба против криминалот. „Што повеќе запленат, тоа повеќе инструменти ќе имаат за борба против криминалот. Тоа може да функционира многу ефикасно“, рече тој.
Косово сé уште нема закон за конфискација на ваков имот.
„Законот за конфискување имот стекнат преку криминални дејства е подготвен ... додека конфискувањето незаконски стекнат имот е поткрепено со Кривичниот законик“, рече за SETimes Астрит Колај, директор на канцеларијата за односи со медиумите во Министерството за правда.
Себ Битичи, извршен директор на Институтот за балканска политика, изјави за SETimes дека нема политичка волја за брзо одобрување на еден ваков закон во Косово. „Има некои случаи на запленување незаконски имот, но тие се со мала вредност. Тоа вклучува главно одземање на шверцувана стока од луѓе што живеат околу пограничните области. Многу од нив живеат под границата на сиромаштија. Значи, правниот систем на Косово ги казнува сиромашните, но не влијае на политичарите што преку ноќ стануваат богати.“
Во 2008 година соседна Србија го одобри Законот за одземање и конфискување приходи од криминал. Истиот функционира, и резултираше со одземање имот во вредност од околу 350 милиони евра досега. Запленетиот имот вклучува станови и куќи, хотели, ресторани, канцеларии, претпријатија, готовина, моторни возила и уметнички дела, според српскиот таблоид Пресс.
Хрватска дозволи запленување криминален имот веднаш штом ќе се изрече пресудата. Македонија внесе измени во Кривичниот законик со цел да се овозможи запленување криминален имот од поголема група луѓе, вклучена во криминални дејства.
Албанија одобри закон против мафијата за да овозможи одземање имот преку граѓански постапки. Во мај бугарскиот парламент усвои закон за запленување имот стекнат преку криминални дејства. Истиот ќе стапи на сила во ноември.
ЕК истакна дека „приходите на групите на организиран криминал сé повеќе се инвестираат надвор од нивната татковина, честопати во неколку земји-членки или се пренесуваат на трети лица ... за да се избегне конфискација“.
„Мораме да ги удриме криминалците таму каде што боли, одземајќи им ги парите, и мораме да го вратиме нивниот приход во законската економија, особено во овие времиња на криза“, рече на 13-ти март Сесилија Малмстром, комесар на ЕУ за внатрешни работи.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's