Несоодветната контрола на квалитетот на храната во Хрватска и БиХ предизвикува загриженост

05/07/2012

Увозот на храна од црниот пазар и овластениот увоз, предизвикуваат сомневање дали производите соодветно се тестираат за квалитет и безбедност.

Бедрана Калетовиќ за Southeast European Times во Сараево -- 05.07.12

photo

Извештаите за расипано говедско месо загрижија многу потрошувачи во регионот. Инспекторите за храна работат во Одделот за јавно здравство на БиХ во Тузла. [Бедрана Калетовиќ/SETimes]

Регионалните земји се свесни за важноста на контролираната храна што се пренесува преку границите, но секојдневните скандали што првенствено се однесуваат на увозот на месо со сомнителен квалитет покренуваат прашања за способноста на земјите да го контролираат црниот пазар за храна.

Хрватска неодамна беше потресена кога еден државјанин увезе стотици килограми замрзнато месо со сомнителен квалитет од Босна и Херцеговина (БиХ).

Месото немаше никаков доказ за потеклото и беше продавано по пониски од пазарните цени во Хрватска, но донесе огромни профити.

Месото што се увезува во БиХ не смее да биде постаро од шест месеци, според Ветеринарната канцеларија на земјата -- која е задолжена за проверка на граничната трговија -- и одделот за безбедност на храната и инспекција при хрватското Министерство за земјоделство.

БиХ бара увозот на месо да се проверува во неколку фази, и сите пакети мора да бидат најавени 24 часа пред доаѓањето на граничниот премин. Пакетите мора да вклучуваат ветеринарна потврда и да поминат низ визуелна инспекција и идентификациска проверка, според Ветеринарниот завод на БиХ.

Замрзнатото место претежно се увезува на три гранични премини во БиХ, и доаѓа од Холандија, Германија и Австрија, како и од Шпанија, Италија, Унгарија и Полска.

И покрај неодамнешниот договор меѓу Хрватска, БиХ, Србија и Црна Гора за електронска размена на информации, што придонесува за поефикасни царински процедури, граничните контроли за храна не се добро координирани.

„Кога Хрватска ќе стане членка на ЕУ на 1-ви јули следната година, граничните премини мора да функционираат со полн капацитет и да ги исполнат сите стандарди на ЕУ во врска со увозот на производи од растително или животинско потекло“, рече за SETimes Миро Џакула, директор во администрацијата за индиректно оданочување на БиХ.

„Во моментов, 25 до 30 отсто од вкупното месо што се јаде во БиХ не поминува низ контролниот систем, туку доаѓа од црниот пазар надвор од какви било регулативи“, рече за SETimes Стипан Билиќ, специјалист за храна од Хрватска и директор на бизнис групата Кондин.

Билиќ објасни дека големите синџири супермаркети увезуваат непосредно пред истекот на рокот, што мора да го продадат на половина цена дома, но тие го ставаат во преработената храна за да профитираат.

Сепак, властите во БиХ велат дека квалитетот на храната што се консумира во земјата е близок до тој на ЕУ.

Сејад Мачкиќ, директор на агенцијата за безбедност на храна во БиХ, изјави за SETimes дека од 1.688 лабораториски анализи извршени во 2011 година, само десет не ги задоволиле утврдените правила за безбедност.

Поврзани написи

Loading

Експертите за безбедност и квалитет на храната ги предупредуваат граѓаните да не се потпираат премногу на државата во однос на вршењето прехранбени контроли, туку да им дадат предност на локалните производители кои ги познаваат и им веруваат.

„Супермаркетите и отворените пазари нудат високотретирано овошје и зеленчук од големите производители и снабдувачи. Тие производители се безбедни и имаат стандардизирано производство“, рече за SETimes Драган Пусара, експерт за квалитетот на храната од Србија.

Од друга страна, рече тој, има мали производители од локалните продавници чиј квалитет секогаш може да се тестира.

„Со купување на овие производи, ги поддржувате локалните производители и сте сигурни за квалитетот на храната.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар