Грција се надева на закрепнување на туризмот и покрај долготрајната криза

04/07/2012

Грчките власти и бизнисмени се обидуваат повторно да ги привлечат колебливите посетите, додека постои загриженост дека сезоната 2012 е загубена

Од Енди Дабилис за Southeast European Times во Атина -- 04/07/12

photo

Туристите ја гледаат церемонијата на смена на гардата на плоштадот Синтагма во Атина. [Ројтерс]

Смената на гардата пред парламентот и гробницата на непознатите војници на атинскиот плоштад Синтагма се омилената можност за фотографирање на туристите, дури и во летните жештини напладне.

Но, само неколкумина беа таму неодамна. Ксуанг Занг (24), студент кој присуствуваше на спекталот со двајца пријатели од Кина, беше загрижен поради тоа што виде како демонстрантите се судираат со полицијата, слика што за многу посетители ја замени онаа на Акрополот.

„Кога ние, странците, гледаме луѓе кон кои се фрла солзавец и се тепани, тоа нé растревожува“, рече Занг за SETimes.

Таквиот вид претпазливост, заедно со континуираниот економски пад, го носи надолу најголемиот мотор за приходи на Грција.

Пред новата коалициска влада да дојде на власт минатиот месец, резервациите во хотелите и ресортите падна од 30 до 50 отсто, и голем број хотели затворија.

Стравувањата дека Грција ќе излезе од еврозоната спречи многумина потенцијални посетители, загрижени дека еврото ќе биде заменето со драхмата. Новата владса објави дека посетите на туристите паднале за повеќе од 12 отсто, што доведе до скоро 10 отсто пад на доаѓањата или загуба од 100 милиони евра.

По изборите, грчките власти сметаат на туристите дека ќе ја спасат сезоната и ќе ги наполнат државните куфери и ќе ја обнова индустријата која вработува петтина од вработените во земјата.

„Резервациите се враќаат секој ден. Како што се приближуваа изборите, резерации немаше“, рече за SETimes Андреас Метаксас, заменик-претседател на федерацијата Хеленик хотелс.

Хотелиерите кои беа загрижени за пад од 30 отсто, сега очекуваат пад од 10 отсто, додаде Метаксас.

Претставниците на индустријата сметаат на германските посетители и на новиот пазар -- руските туристи.

Но, политичките расправии околу улогата на Германија во мерките на штедење на Грција создадоа горчина, правејќи ги колебливи за посета многу Германци -- бројот падна за 33 отсто.

Грција не може да очекува одлична година поради тоа што се натпреварува со Лондонската Олимпијада 2012 и помалку скапите земји од Северна Африка, според Александрос Василикос, претседател на Атинското хотелско здружение.

„Бројките не се добри. Очекуваме пад што може да биде двоцифрен во споредба со минатата година, која беше рекордна година. Тоа не е трагедија, но лошите информации во медиумите нé помогнаа за резервациите“, рече Василикос за SETimes.

Институтот за туристичко истражување и предвидувања објави пад од 32 отсто на раните резервации за периодот јуни-септември, и процени дека хотелските приходи ќе се намалат меѓу 870 милиони до 1,1 милијарди евра -- петтина од вкупните приходи.

Поврзани написи

Loading

Двојниот проблем на континуираната финансиска криза во ЕУ и негативниот публицитет му дадоа тешки димензии на спасот на туристичката сезона, според Ксенофон Петропулос, менаџер за комуникации на Здружението на грчки туристички претпријатија.

„Може да има намалување од 10 до 15 отсто на посетите, бидејќи драстичните намалувања на цените ги привлекуваат посетителите“, рече Петропулос за SETimes.

„Не знаев дали ќе видиме демонстрации и заклучив дека би се обиделе да се извлечеме од истите“, рече за SETimes американската посетителка Синди Гарза (53) на плоштадот Синтагма во Атина.

Но, најпрво, Грција сака да добие повеќе луѓе како Гарза во земјата.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар