Експертите велат: Ал каеда заслабнува со секоја нова генерација

13/06/2012

Истражувачите велат дека четвртата генерација водачи на Ал каеда ќе бидат идеолошки разединети и раштркани.

Фаисал Дарем за Southeast European Times -- 13.06.12

photo

Членовите на Ал каеда блиски до Ансар ал Шарија одржаа прес-конференција во Јаар, Јемен. [Ројтерс]

Повеќе од две децении по своето основање, Ал каеда ја достигна својата „старост“. Терористичката група, која е моментно во својата трета генерација, скршна од основачките правила, велат експертите, додавајќи дека новиот сој стана посветен на насилните дејства поради кои организацијата ги губи изворите на поддршка.

„Структурата на Ал каеда е во опаѓачка фаза бидејќи актуелната група водачи не е ефикасна како претходните водачи“, рече Саед ал Јамхи, директор на Ал Јамхи Центарот за студии и истражување.

Ал Јамхи рече дека документите пронајдени во домот на Осама бин Ладен во Аботабад, Пакистан, откриваат дека починатиот водач не сакал соработниците на групата да бидат деконцентрирани со борбата со внатрешните непријатели, како што се локалните влади и војската и цивилните цели.

Наместо тоа, тој сакал тие да се фокусираат на надворешните непријатели, знаејќи дека нападите врз локалните цели ќе ја намалат поддршката и ќе водат до оттуѓување од заедниците.

„Ова покажува дека постои побуна против водачите на [Ал каеда], и тоа е знак на слабост“, рече тој.

Демонстрациите на Арапската пролет, исто така, имаа голема улога во идеолошкото заслабнување на Ал каеда.

„Арапските побуни ги влошија идеолошките врски меѓу првите три генерации на Ал каеда и четвртата, ако воопшто дојде до предавање“, рече Ахмет ал Дагаши, кој неодамна објави книга за педагошкиот пристап на Ал каеда.

Ал Јамхи се согласува. „Повеќе од две децении подоцна, Ал каеда сé уште не постигнала ништо, додека голоградите млади на Арапската пролет соборија режими и на нивно место воспоставија демократски системи“, рече тој.

„Ова ја демистифицира теоријата на Ал каеда дека насилството претставува единствено средство за промена и елиминира секакво оправдување за нејзиното постоење.“

Според Ал Дагаши, членовите на првата генерација на Ал каеда веруваа дека сите обиди за политичка, социјална, образовна, интелектуална и идеолошка реформа не беа ништо повеќе од „привремени наркотични“ решенија за прашањето на поделбата меѓу исламот и државата. Поради тоа, тие повикаа на итна конфронтација во облик на вооружено насилство против државните институции.

Првата генерација, која ги вклучуваше Бин Ладен и Ајман ал Завахири, ја сочинуваа оние што се бореа во Авганистан во раните 1980-ти и беше фокусирана на борбата против надворешниот непријател.

„Тие имаа повеќе ентузијазам, ја освоија симпатијата на јавноста и се придржуваа повеќе до директивите што ги издаваа нивните водачи“, рече Ал Јамхи.

Втората генерација беше помалку динамична и помалку дисциплинирана отколку првата генерација, рече тој. „Истата не успеа да се конфронтира со [непријателите на организацијата] поради меѓународната кампања против тероризмот, и бидејќи не беа во близок контакт со своите водачи.“

Третата генерација беше создадена околу 2000 година.

Поврзани написи

Loading

„Истата ги наследи сите лоши атрибути на втората генерација и влезе во борби со локалниот непријател“, според Ал Јамхи.

Но, групата почна да води медиумска војна, користејќи го Интернетот како средство за привлекување поддржувачи.

Појавувањето на четвртата генерација зависи од тоа дали демонстрантите на Арапската пролет ќе ги остварат своите цели и дали миротворните протестни движења ќе ги елиминираат политичките, економските, социјалните и идеолошките причини за постоењето на Ал каеда.

„Четвртата генерација ќе трпи штета од оваа нерамнотежа и ќе биде раштркана, разединета и слаба“, рече Ал Јамхи.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар