Балканската младина размислува дали да остане или да оди

07/06/2012

Во екот на матурите низ целиот регион и нови групи баратели на работа, одливот на мозоци повторно станува клучно прашање.

Ивана Јовановиќ за Southeast European Times во Белград -- 07.06.12

photo

Билборд за еден приватен универзитет го потврдува одливот на мозоци прашувајќи ги потенцијалните студенти „Што правите тука? Завршете и одете!“ [Нада Божиќ/SETimes]

Веројатно најуниверзалната дилема што ја делат младите луѓе од целиот Балкан е измачувачкото прашање дали најдобриот пат е останувањето во својата татковина или емигрирањето, или како што некогаш пееше британската рок-група Клеш „Да останам или да одам?“

Овие млади луѓе, обично добро образовани, размислуваат за странство поради недостатокот на работни места дома. Покрај тоа, генерално има помалку можности за личен и професионален развој, и недостиг на почит за стекнатото образование и знаење.

Поважно е кого познавате и како ја играте играта, велат некои.

„Добивањето добра работа во Македонија е невозможна мисија без пријателства со интерес и членска карта на некоја политичка партија“, рече за SETimes Соња Митревска (30), фармацевт од Скопје. Таа сега по третпат стажира без плата и сака да замине од Македонија и да се обиде да ја развие својата кариера во странство.

Слично на тоа, и Марија Стојановиќ од Белград упорно бара работа во странство, иако има магистерска титула по комуникации и работела на неколку извршни позиции.

„Ако имате стомак да одите и да ги најдете вистинските луѓе, да им дадете пари или јавно да им се воодушевувате, иако не го заслужуваат тоа, можете да постигнете напредок тука. Без тоа, ќе бидете на исто ниво во својот живот“, рече Стојановиќ за SETimes.

Двете сакаат да одат во земји што нудат подобри работни услови, со економија базирана на знаење, како што се САД, Велика Британија, Германија, Канада, Шведска и Швајцарија.

Најновиот Извештај за конкуренцијата на глобалниот економски форум за 2011/2012 година покажува дека додека Балканот е пример за одливот на мозоци, Србија е најпогодена од сите: истата се рангираше на 139-тото место меѓу 142 земји, што значи дека нејзините најдобри и најпаметни луѓе заминуваат масовно, во потрага по можности на друго место.

Молдавија е на 134-тото место, Македонија е 133-та, Романија е 131-ва, Бугарија и БиХ се рангираа на 127-мото место, односно 126-тото место. Грција е на 119-тото место, Турција на 97-мото, а Албаија е 83-та. Црна Гора се рангираше на најдоброто 46-то место.

Во Романија, процентот на одлив на мозиците се зголеми откако земјата стана членка на ЕУ. Истата се рангираше на 102-рото место во извештајот за 2008/2009 година. Бугарија остана на непроменето, 127-мо место, но Хрватска, која е сега на прагот на ЕУ, се придвижи од 75-тото на 128-мото место.

„Самите процеси на интеграција во ЕУ не го забрзуваат одливот на мозоци, но ја забрзуваат мобилноста на експертите и научниците преку различни програми и проекти, како што е сината карта -- работна дозвола слична на зелената карта во Соединетите Држави“, рече за SETimes Тања Павлов, директорка на Центарот за миграција во невладината Група 484.

Но, некои влади преземаат дејства за искоренување на одливот.

Србија формираше Министерство за млади пред пет години, и воспостави фонд чија цел е да обезбеди за младите таленти најдобро можно образование со цел да го поттикне нивниот професионален развој.

Поврзани написи

Loading

Преку соработка со Националната служба за вработување, учесниците добиваат приоритет во поглед на работните места.

„Фондот почна да соработува со водечките претпријатија и институции -- на пример, нашите научници сега работат во Мајкрософт, Пиреа бенк, Национална банка, универзитетите и владините агенции. Целта е нашите млади научници да станат нови водачи во Србија“, рече за SETimes Милош Радосављевиќ, претставник на владината Работна група на фондот за млади таленти.

Во Босна и Херцеговина, владата на Република Српска самостојно отпочна некои мерки. Една од нив, спроведена од Министерството за семејство, млади и спорт, ги субвенционира каматните стапки за станбените кредити за младите луѓе, вклучително и за младите парови.

Тоа „им го олеснува на младите луѓе решавањето на едно од најважните прашања -- домувањето -- и на тој начин ги обврзува да останат во Република Српска“, рече за SETimes Мирела Вујатовиќ, портпаролка на министерството.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар