Регионот бавно обезбедува пристап за инвалидизираните лица

23/05/2012

Луѓето со физички инвалидитет во Балканот сé уште се соочуваат со тешкотии да го остварат едно од своите основни човекови права.

Горан Трајков за Southeast European Times во Скопје -- 23.05.12

photo

Луѓето со инвалидитет протестираат против мерките на штедење во Атина, на 13-ти декември 2011 година. [Ројтерс]

И покрај законите во одделните земји и напорите низ целиот регион за зголемување на признавањето на проблемот, граѓанските групи и претставниците на власта се согласуваат дека Југоисточна Европа заостанува во однос на обезбедувањето пристап за луѓето со инвалидитет.

Од Скопје до Букурешт, застапниците велат дека промената што е потребна за да им се помогне на луѓето со физички хендилеп се одвива исклучително бавно, и во некои случаи, не се почитуваат законите за пристапност. Во некои случаи, невладините организации директно вклучени во работата со инвалидизираните лица не се ни консултирани за тоа како да се работи со оваа популација.

„Во текот на [изминатите] десет години, вложени се многу напори ... но, за жал, претставниците на невладините организации вклучени во оваа кампања не беа ниту повикани за консултација“, изјави за SETimes Адријан Михалчеа, претседател на Романското здружение на луѓе со невромоторен инвалидитет (АНХР).

Проблемот е присутен на национално и на регионално ниво.

„Лицата со инвалидитет во Европската унија денес во нашето општество се соочуваат со многу бариери, кои ги спречуваат да учествуваат на рамноправна основа со другите граѓани“, се вели во студијата на Европскиот форум за инвалидитет, објавена во април.

ЕК одобри десетгодишен план во 2010 година, вклучително и пристап до финансиите на ЕУ, кампањи за подигање на јавната свест и програми кои треба да ги покренат државите да работат заедно, во обид за отстранување на пречките за инвалидизираните лица. Земјите од ОН, исто така, потпишаа изјава во која ги признаваат правата на луѓето со инвалидитет во 2007 година.

И покрај овие планови, основните услуги остануваат надвор од дофатот за многумина.

Димитар, жител на Битола во јужна Македонија, рече дека чека уште од мал овие програми да се спроведат. Многу од нив би го подобриле неговиот живот.

„Имам многу проблеми, бидејќи се чувствувам поразличен од другите поради фактот што не можам да влезам каде што сакам“, рече за SETimes Димитар, кој не сакаше да го каже своето презиме поради својата физичка состојба. „Сите ме гледаат чудно. Се чувствувам непријатно, и не ја завршувам работата. Ги праќам моите роднини и пријатели да ги однесат документите во институциите, ако ми треба нешто.“

photo

Членовите на албанското Здружение на хендикепирани одржа штрајк со глад за да изврши притисок за своите барања за подобар третман во Тирана, на 19-ти април 2011 година. [Ројтерс]

Македонија усвои закон во 2003 година, во кој се бара сите згради да бидат пристапни за инвалидизираните лица. Но, скоро една деценија подоцна, заложбите за поставување рампи за инвалидски колички во некои згради на министерствата „се во својата првична фаза“, според Министерството за труд и социјална политика.

Во Косово, претседателот на невладината организација Хендикеп Косово, Гезим Абази, изјави за SETimes: „Официјално, има задоволителен напредок во поглед на потребите на инвалидизираните лица. Но, во практиката, работите се поинакви, бидејќи нема спроведување на стратегијата или на законите, што длабоко ме вознемирува“, рече Абази за SETimes.

Многу од владите во регионот преземаат бавни мерки за решението.

„Владата неколку пати донесе решенија за надминување на овие проблеми и многу институции презедоа активности за градење рампи и лифтови за оваа категорија граѓани. Но, не ги имаат сите институции, така што владата останува посветена на надминувањето на овие пречки“, рече за SETimes Павле Саздов, претседател на Интерпарламентарната група за правата на граѓаните со хендикеп.

Меѓу 2001 и 2005 година, започна кампања во Романија, под слоганот „Градови за сите“ и вклучи 23 окрузи. „Каква е ситуацијата денес, по седум години? Скоро иста“, рече Михалчеа за SETimes.

Грција презеде значајни чекори во поглед на пристапноста во 2003 година, пред Атинските олимписки игри. Беа искористени финансиски средства за обемната работа со цел да се направи градот пристапен. Беа поставени рампи за инвалидски колички, и низ целиот град беа инсталирани специјални патеки за слепите лица.

Но, Атина останува аномалија.

Освен новите згради во повеќето балкански градови, многу институции остануваат непристапни за луѓето со инвалидитет -- како поради тоа што се сметаат за историски споменици, така и поради значителните инвестиции што се потребни за нови инсталации.

Трамвајските станици, станиците на возовите, такси-возилата -- сите се и понатаму ноќна мора за инвалидизираните лица.

Поврзани написи

Loading

„За жал, невладините организации се тие што надгледуваат дали конкретните закони се применуваат и дали е олеснет пристапот за луѓето со инвалидитет. Секој друг предлог со цел зголемување на пристапноста за нив наидува на ѕид кој се вика ,финансиска криза’“, рече Михалчеа.

Европскиот форум на инвалидизираните лица посочува дека перцепцијата оти попристапните згради се поскапи за градење, е мит.

„Всушност, градењето пристапна инфраструктура не чини повеќе од непристапните згради и, всушност, создава дополнителни вредности за индустријата, со оглед на тоа што зграда која ги исполнува условите за пристапност ќе може да се адаптира полесно на променливите потреби, вклучително и стареењето или евентуалното инвалидизирање на нејзините жители“, вели форумот во извештај од март 2012 година.

Дописникот на Southeast European Times Пол Чикои во Букурешт даде свој придонес за овој напис.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Регионот и Турција оптимисти за новото водство на ЕУРегионот и Турција оптимисти за новото водство на ЕУ

Официјалните претставници од регионот велат дека неодамнешните кадровски смени во ЕУ ќе имаат позитивно влијание на односите на нивните земји со Брисел.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали треба Грција да го промени начинот на кој се справува со нелегалните имигранти?

Да
Не
Не знам