Косово мирно на денот на изборите во Србија

07/05/2012

Со менаџмент на ОБСЕ, во Косово беа организирани српски претседателски и парламентарни избори.

Мухамет Брајшори за Southeast European Times во Приштина -- 07.05.12

photo

Косовските Срби гласаа на претседателските и парламентарните избори во неделата (6-ти мај) во Косово. [Ројтерс]

Севкупната ситуација во неделата (6-ти мај) -- кога косовските Срби излегоа на гласање на претседателските и општите избори -- беше мирна, иако косовската полиција, ЕУЛЕКС и КФОР го зголемија своето присуство на северот и во некои други области во Косово, вклучително и во Приштина.

Приштина во неделата издаде соопштение, веднаш по затворање на избирачките места, во кое се вели дека изборите се одржале со почитување на правата на граѓаните со двојно државјанство.

Но, владата ги критикуваше локалните власти во градовите Звечан и Зубин Поток, кои, и покрај противењето на меѓународната заедница и Приштина, организираа локални избори.

„Владата нагласува дека српските општински власти во двете општини во Косово се нелегални и дека немаат правен ефект и политички или демократски легитимитет“, соопшти владата.

„ОБСЕ и косовската полиција успеаја да организираат избори за многу кус период и ние сме среќни што не се регистрирани никакви инциденти. Ова беше за првпат ексклузивното право на Косово да ги примени парламентарните процедури на територијатија на Косово, да биде гарантирано од целата меѓународна заедница, од ЕУ и САД до ОБСЕ и ОН“, рече за SETimes косовскиот заменик-министер за надворешни работи, Петрит Селими.

Тој вели дека локалните избори нема да бидат признаени и дека нема да имаат правен ефект за Приштина и за меѓународната заедница. Но, новата влада во Белград го има последниот збор.

„Ова се јалови обиди на екстремистите кои знаат дека следните чекори во Косово повлекуваат затворање на паралелните институции -- што е од најголема важност за барањето од ЕУ кон новата српска влада. Паралелните локални избори не се настан за кој треба да се размислува“, рече Селими.

Жерард Галучи, поранешен администратор на ОН за Митровица и претседател на одборот на Трансконфликт, изјави за SETimes дека посветеноста на КФОР и ОБСЕ покажа колку улогата на меѓународните мисии може да помогне во Косово.

„Со активен ангажман на КФОР и ОБСЕ -- двете во Косово под мандатот на ОН -- луѓето беа во можност да ги искористат своите политички права без тешкотии или провокации. Ова покажува дека мировните сили сé уште имаат улога што треба да ја остваруваат“, рече Галучи.

Единствените инициденти што се случија беа неодамнешните апсења -- во јужна Србија (Прешевската долина) на осум Албанци, и во саботата на еден Косовар кој патувал со своето семејство низ Србија -- од страна на српската полиција.

Апсењата и повиците од Приштина и Тирана да се излезе на гласање, доведоа до околу 70 отсто излезност на Албанците во јужна Србија -- најголем одѕив за овие општини.

„Следната фаза од контактите меѓу Белград и Приштина ќе мора да се фокусира на олеснувањето на животот на луѓето во Прешевската долина. Но, пред сé, провокациите и произволните апсења таму мора да запрат“, рече Селими.

Галучи рече дека апсењата имаа врска со изборите, а не со владеењето на правото.

„Се сомневам дека тајмингот на апсењата во Прешево беше поврзан со српските избори, а не со изненадниот интерес за „редот и законот“. Но, вредно е да се спомене дека албанската заедница не одговори на провокацијата“, рече тој.

„Среќен сум што сé помина добро. Уморни сме од проблеми; ни треба подобра иднина за нашите деца“, рече за SETimes Сузана Дехари, наставничка од Приштина.

Но, Фатон Красниќи, студент по право, рече дека Приштина не го направи тоа што рече дека ќе го направи и не ги запре изборите.

„Тие рекоа дека локални избори никогаш нема да се дозволат, но тие беа организирани. Толку сериозно владата си ја врши работата -- само дава изјави“, рече тој за SETimes.

Изборите се одржаа во 90 избирачки места на 28 локации.

Иако резултатите од Косово сé уште не се објавени, судејќи според резултатите на гласањето во Србија, овие гласови може да се оние што ќе ја направат разликата и ќе одлучат за влезот на одредени партии во парламентот.

Поврзани написи

Loading

Прелиминарните резултати покажаа дека Српската радикална партија на Воислав Шешељ е под изборниот праг од 5 отсто, но гласовите од Косово може да го променат тоа.

Државниот секретар во Министерството за Косово, Оливер Ивановиќ, го пофали фактот дека изборите поминаа без инциденти, но изјави за SETimes дека недостатокот на избирачки места претставува проблем.

„Малиот број избирачки места го оневозможи гласањето на повеќе Срби. Околу две третини од избирачките места беа елиминирани, бидејќи ОБСЕ немаше доволно персонал да ги покрие сите избирачки места кои се вообичаено отворени“, рече Ивановиќ.

Дописничката на SETimes Бојана Миловановиќ во Белград даде свој придонес за овој напис.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Извештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионотИзвештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионот

Според неодамнешниот извештај на Амнести Интернешенел, кршењето на човековите права продолжува во регионот.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Советот на Европа вели дека постојат доволно докази за поддршката на партијата Златна зора на насилството, за Грција да ја забрани партијата, но Атина одбива да го направи тоа. Дали треба Златна зора да биде забранета?

Да.
Не.
Не знам.



Види ги резултатите Додадете коментар