Грчките гласачи ги казнија владејачките партии за мерките на штедење

07/05/2012

Шансите на новата коалиција се нестабилни и веројатноста за нови избори расте.

Енди Дабилис за Southeast European Times во Атина -- 07.05.12

photo

Грчкиот референтен индекс на акциите драстично падна рано утрото во понеделник (7-ми мај), откако главните партии во земјата не успеаја да освојат доволно гласови за формирање владејачка коалиција во неделата. [Ројтерс]

Лути поради кратењата на платите, даночните зголемувања и намалените пензии што ги побараа меѓународните кредитори во замена за финансиска помош од 239 милијарди евра за потпомагање на пропаднатата економија на земјата, грчките гласачи им упатија остар прекор на двете владејачки партии кои доминираа во политиката четири децении.

Седум партии освоија места во парламентот од 300 члена за време на гласањето во неделата (6-ти мај) -- на кое победија конзервативците на Нова демократија, но со само 18,88 отсто од гласовите. Нивниот жесток противник, социјалистите на ПАСОК, паднаа на третото место со само 13,1 отсто од гласовите, што е огромен пад во споредба со 44 отсто што партијата ги освои во 2009 година.

Дури и со бонусот од 50 места што Нова демократија ги доби поради тоа што заврши прва, двете најголеми партии имаат само 149 места, и не можат да формираат нова коалиција. Тоа предизвика бран несигурност дали ќе се формира нова влада -- и дали Грција ќе се придржува на мерките на штедење на кои инсистира Тројката ЕУ-ММФ-ЕЦБ, или земјата нема да го подмири долгот или ќе биде избркана од еврозоната.

Германскиот министер за надворешни работи, Волфганг Шојбле, чија земја плаќа голем дел од финансиската помош, предупреди дека ако новата влада на Грција скршне од своите обврски, земјата ќе „сноси последици“.

И покрај зголемената лутина, резултатите ги изненадија многумина. „Повеќето луѓе и политички водачи се сега во шок“, рече за SETimes Антонис Клапсис, шеф за истражување на Институтот за демократија Константинос Караманлис. „Тоа беше лутина поради мерките за штедење“, рече тој.

Како и во земјата-членка на ЕУ Франција, каде што гласачите во неделата го тргнаа од власт Николас Саркози поради мерките за штедење, лутите Грци им се одмаздија на своите традиционални владејачи барајќи ново раководство на друго место.

Левичарската партија СИРИЗА, предводена од 38-годишниот Алексис Ципрас, поранешен водач на Комунистичката младина, изненади многумина со блиско второ место и освоени 16,7 отсто од гласовите. „По две години дивјаштво, демократијата се враќа дома“, рече Ципрас.

Тука влегува и неонацистичката партија Златна зора -- која сака сите имигранти да бидат избркани од земјата -- која направи голем скок од 0,29 отсто од гласовите пред две години до шестото место со скоро 7 отсто од гласовите во неделата. Самопрогласените Фашисти ќе имаат 21 место во парламентот.

Новата партија Независни Грци, формирана од избрканиот член на Нова демократија, Панос Каменос, кој се спротивставува на мерките за штедење, беше на четвртото место со 10,5 отсто од гласовите. Комунистите беа петти со 8,47 отсто од гласовите, а Демократската левица беше седма со 6,1 отсто од гласовите.

Екстремно десничарската партија ЛАОС, која накусо беше дел од коалицијата, плати за тоа неуспевајќи да го помине прагот од 3 отсто потребен за влез во парламентот.

„Луѓето јасно и гласно го искажаа својот став против мерките за штедење“, рече за SETimes Алекс Афуксенидис, истражувач во Институтот за политичка социологија, Национален центар за социјално истражување во Атина. „Резултатот покажува големо свртување во грчката политика од ПАСОК, кој владееше скоро во континуитет од 1981 година, во тотално безредие. Очекувајте нови избори за околу еден месец.“

Водачот на Нова демократија, Антонис Самарас -- кој се спротивстави на мерките за штедење кога поранешниот водач на ПАСОК, Јоргос Папандреу, беше премиер пред да поднесе оставка пред шест месеци -- има рок од три дена да формира влада, но скоро нема каде да се обрати.

„Ја разбирам лутината на луѓето, но нашата партија нема да ја остави Грција без влада“, рече Самарас. Тој сега ги поддржува мерките за штедење, но рече дека сака повторно да преговара за условите, иако Тројката предупреди дека секој обид да се чепне во реформите може да води до стопирање на втората финансиска помош од 139 милијарди евра. Грција преживува од првата серија од 109 милијарди евра, како заем за спас.

Самарас рече дека ќе се обиде да најде партнер за формирање проевропска влада, но Ципрас е анти-капиталист и жесток противник на мерките за штедење.

Грчкиот закон за изборите предвидува дека во случај на парламент без апсолутно мнозинство, првата партија има три дена да формира влада, по што следи втората, па третата. Ако не биде формирана влада, Грција може да влезе во понатамошен политички хаос, и ќе мора да се одржат нови избори.

Грчките медиуми веќе шпекулираат за 17-ти јуни како датум за новите избори.

Самарас рече дека ќе се обиде да формира „влада на национален спас“, за да ја одржи земјата во еврозоната. Тој рече дека изборните резултати го покажаа „разочарувањето на грчкиот народ од политиката на ќор-сокак, која ги донесе до работ“.

„Не можам да замислам како Самарас може да соработува со политички водач кој е против мерките на штедење. Тоа е чудно“, изјави за SETimes Јоргос Цогопулос, истражувач во Грчката фондација за европска и надворешна политика во Атина.

Поврзани написи

Loading

Тој рече дека изборните резултати „не се само против мерките на штедење, туку тоа е и казна за политичарите што ја доведоа Грција до неплаќање на долговите. Луѓето знаат дека мерките за штедење се потребни, но тие бараат товарот за кризата да се подели на правичен начин, а тоа не се случи“.

Анкетите покажуваат дека околу 70 отсто од Грците сакаат да останат во еврозоната, но исто толку се противат на мерките за штедење.

Tомас Малутас, директор на Националниот центар за социјално истражување, изјави за SETimes дека резултатите се неверојатни.

„Ова беше незамисливо пред неколку месеци“, рече тој, велејќи дека двопартискиот систем пропадна. „Ова е, апсолутно, крај на една ера, но ако влеземе во период на несигурност, се плашам дека враќањето на стариот режим не може да е многу далеку.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар