Турскиот TПAO ќе започне со дупчење на нафта во северен Кипар

03/05/2012

Експлоатирањето на ресурсите гориво на островот може да ги зголеми шансите за зближување или пак може да ги намали.

Менексе Токјај за Southeast European Times во Истанбул - 03.05.2012

photo

Турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз (во средината) и лидерот на кипарските Турци Дервиш Ероглу (втор од десно) веруваат дека Кипар ќе има корист од дупчењето. [Ројтерс]

Државната Турска нафтена корпорација (TПAO) започна со дупчење за нафта и гас на брегот на северен Кипар минатата недела, но некои претставници на кипарските Грци предупредуваат дека потегот може да предизвика ривалство и да го загрози зближувањето помеѓу кипарските Турци и Кипар.

Турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз и лидерот на Северен Кипар Дервиш Ероглу го инаугурираа почетокот на операциите за дупчење на нафта во селото Синграси во близина на Фамагуста.

Додека Јилдиз објасни дека Турција е решена да продолжи со експлоатирањето на нафта за да добие детална подземна карта на северен Кипар, Ероглу рече дека овој потег претставува историски момент од големо стратешко значење за кипарските Турци.

„Нема да дозволиме некој да им ги одземе правата на кипарските Турци во источниот Медитеран“, изјави Ероглу.

Операциите на ископување ќе достигнат длабочина од 3 000 метри во Туркјурду-1, а ќе бидат завршени за четири месеци.

Официјални претставници на кипарските Турци изјавија дека овој потег доаѓа како реакција на одлуката на Кипарците да почнат со дупчење на нафта и природен гас во југоисточниот дел на Кипар.

Оттогаш спорот околу тоа кој има право на горивните ресурси на Кипар ескалираше. Ако целото кипарското прашање не се реши до јули - кога грчката страна ќе го преземе претседавањето со ЕУ - дупчењето на нафта може да ги намали шансите за помирување.

Кипарците велат дека тие го сфаќаат овој потег на турската страна како знак за обесхрабрување на решение за повторно обединување на поделениот остров.

Но претставници на кипарските Турци истакнуваат дека на 24. септември, Ероглу ѝ предложи план на грчката страна, преку генералниот секретар на ОН, за решавање на јаглеводородната криза пред таа да излезе од контрола.

„Според тој план, сите активности поврзани со јаглеводородните резерви ќе бидат заеднички и во исто време одложени додека да се постигне договор, и би била формирана трипартитна ад-хок комисија со учество на двете страни, како и на ОН, заеднички да управува со тие резерви и да се распределат приходите со цел да се финансира евентуално сеопфатно решение“, изјави за SETimes Ергун Олгун, поранешен потсекретар на претседателство на Северен Кипар.

Отфрлањето на планот од страна на Кипарците, велат претставници на кипарските Турци, ги принудило да започнат свои внатрешни и крајбрежни проекти.

Според поранешната кипарска министерка за енергија Праксоула Антониадоу Кириакоу, повторното обединување на островот ќе им овозможи на сите Кипарци да учествуваат во економскиот развој и да ги споделат придобивките што ќе ги донесе експлоатирањето на неговото природно богатство.

„Во исто време, тоа ќе овозможи нормализирање на односите со Турција, така што Кипар и Турција можат да станат партнери во мир што ќе биде во корист на двете земји“, изјави Кириакоу за SETimes.

Поврзани написи

Loading

Таа тврди дека цел Кипар треба да има корист од фактот дека Европа бара нови извори на природен гас, а источниот Медитеран се развива како извор.

„Откритието на природен гас во Кипар е единствена можност. Нам ни се потребни одговорни лидери со визија кои ќе го искористат овој развој како можност за воспоставување мир наместо за нарушување на односите“, додаде Кириакоу.

Олгун се согласи дека е потребна соработка помеѓу клучните заинтересирани страни за големите наоѓалишта на јаглеводород во источниот Медитеран за да се избегне овој ресурс да стане "клетва", особено помеѓу двете еднакви заедници на островот и соседните држави.

„Турската страна се стреми кон корисна стратегија, како во решавањето на кипарското прашање, така и во споделувањето на крајбрежните јаглеводородни ресурси“, додаде Олгун.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар