03/05/2012
Декласифицираните писма напишани од поранешниот водач на Ал каеда, Осама бин Ладен, ги открија неговите скривалишта во Пакистан, каде што беше убиен пред една година, открија детали за внатрешната работа на организацијата и реакциите што ги трпела како резултат на целењето на цивили.
Од персоналот на Southeast European Times -- 03.05.12
![]() Осама бин Ладен ги повика членовите на Ал каеда да ги фокусираат нападите на САД, а не на муслиманската заедница, според писмата објавени во четврток (3-ти мај). [Ројтерс] |
Починатиот водач на Ал каеда, Осама бин Ладен, бил приватно загрижен за страдањето на муслиманите од рацете на неговите „браќа“ по џихад, и ги повикал да ги пренасочат своите операции на САД, според декласифицираните документи фатени за време на рацијата на 1-ви мај 2011 година во штабот на Ладен во Аботабад.
САД во четврток (3-ти мај) ги објавија 17-те писма кои беа најдени за време на рацијата во која беше убиен терористичкиот водач. 175-те страници се напишани во периодот од 2006 до 2011 година -- последното една недела пред Бин Ладен да биде убиен во рација на неговото засолниште од страна на американските сили.
Во писмата Бин Ладен изразува лутина поради регионалните џихад групи и неговата неспособност да примени контрола над нивните дејства. Бин Ладен се криеше откако ги организираше нападите од 11-ти септември 2011 година против САД во Вашингтон и Њујорк.
Во писмото на Бин Ладен од 26-ти април 2011 година, Бин Ладен говори со ентузијазам за бранот протести на Арапската пролет низ целиот регион и како Ал каеда може да ги искористи.
„Овие настани се најважните настани што нацијата ги доживеала со векови, бидејќи откако нацијата влезе во својата сегашна фаза не доживеа никакви движења за нејзин спас како сеопфатните движења што почнаа со милоста на Алах овие денови, а се знае дека сеопфатните народни движења неизбежно ги менуваат условите, така што ако двојно ги зголемиме напорите за насочување и образование на муслиманските народи и ги предупредиме за половичните решенија, истовремено погрижувајќи се да им дадеме добар совет, следната фаза ќе биде за исламот.“
Во друго писмо, неидентификуван дописник изразува загриженост за промената на името на организацијата Ал каеда за нејзино поблиско идентификување со муслиманската заедница.
Архивата на документи е достапна тука.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's