НАТО распореди сили во Косово пред српските избори

30/04/2012

Поради недостиг на ресурси на ЕУЛЕКС, НАТО испраќа трупи во северно Косово пред српските избори.

Мухамет Брајшори за Southeast European Times во Приштина -- 30.04.12

photo

Австриските војници пристигнаа во Косово минатата недела. [Лаура Хасани/SETimes]

НАТО почна со распоредување на повеќе од 700 војници од германско-австриските оперативни резервни трупи во Косово, на барање на командантот на КФОР, Ерхард Древс, пред српските избори на 6-ти мај. Контроверзните избори се планира да се одржат во некои области на Косово, вклучително и во тензичниот север, населен со Срби.

Приштина вети дека ќе го спречи одржувањето на локалните избори -- но ќе дозволи српските парламентарни и претседателски избори да се организираат од мисијата на ОБСЕ во Косово, поради правото на двојно државјанство.

Распоредувањето почна минатата недела со пристигнувањето на германските и австриските војници, а останатите ќе пристигнат во понеделник (30-ти април).

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фо Расмузен, рече дека Алијансата се вклучи за да му помогне на ЕУЛЕКС.

„Многу сум загрижен поради фактот дека ЕУЛЕКС има недостиг на ресурси, што во практична смисла има силни последици за НАТО бидејќи тогаш нашата КФОР операција ќе трпи последици“, им рече Расмузен на пратениците на ЕУ.

Тој рече дека НАТО презеде некои задачи кои ЕУЛЕКС не можеше да ги исполни. „Мораме да преземеме задачи и обврски кои беа непредвидени, особено во северниот дел на Косово“, рече Расмузен.

Авни Кастрати, градоначалник на етнички поделениот град Митровица, изјави за SETimes дека распоредувањето на војниците ќе помогне за ситуацијата со тензичното северно Косово.

„Зголемувањето на трупите, кое ќе се случи [со помош на КФОР], ќе има понатамошно позитивно влијание врз подобрувањето на безбедносната клима во Митровица“, рече Кастрати.

КФОР ги презеде сите мерки за да спречи каква било ескалација, вели командантот на германскиот контингент на мисијата, Бернд Холтхусен.

„Мораме да ги земеме предвид легитимните права на Србите на северот, но во исто време мораме да го почитуваме и законот кој забранува одржување локални избори, поради фактот дека Косово е суверена држава“, рече Холтхусен за весникот Коха Диторe.

Марилуиз Бек, германска пратеничка од Зелената партија и членка на Комитетот за надворешни односи, изјави за SETimes дека сите страни мора да покажат воздржаност.

„Белград веќе објави дека нема да се одржат никакви локални избори во северно Косово. Ако некои луѓе одржат самоорганизирани избори во северно Косово, тие нема да имаат ни важност, ни легитимитет -- ниту за Белград, ниту за Приштина, ниту за Брисел, ниту за Берлин“, рече Бек.

Таа вели дека паралелните структури во северно Косово не смеат да се толерираат. Оваа област претставува идеална средина за организираниот криминал поради нејзината нестабилност, и е безбедносна закана за Србија, Косово и регионот.

„Провокациите од која било страна се неприфатливи, иако е легитимно барањето Приштина да воведе суверенитет во северно Косово. Евентуалната ескалација на ситуацијата е многу опасна. Србија не може да ги одржува своите парлалелни структури во северно Косово ако сака да влезе во преговори со ЕУ“, рече Бек за SETimes.

Берат Бејтулаху, истражувач во Центарот за истражување на конфликти и решенија во Приштина, изјави за SETimes дека распоредувањето на војниците покажува оти НАТО се подготвува за справување со секаква можна ситуација.

„Не очекувам меѓуетнички судири, но можеби ќе имаме слична ситуација со онаа од минатата година кога полицијата ќе се обиде да ги спречи локалните избори“, рече Бејтулаху.

Поврзани написи

Loading

Блерим Красниќи, портпарол на ЕУЛЕКС, изјави за SETimes дека по експлозијата во областа на трите кули во северно Косово на 8-ми април, и пред српските претседателски и парламентарни избори, ситуацијата во мултиетничките области е напната.

„Поради ова, ЕУЛЕКС го зголеми бројот на полициски единици за брза реакција во областа на Митровица. ЕУЛЕКС, исто така, го зголеми бројот на патролите на специјалната полиција во албанските области во регионот на Митровица. Покрај тоа, ЕУЛЕКС внимателно ја следи, недгледува и советува косовската полиција, која ги зголеми мултиетничките патроли во мешаните области на северот“, рече Красниќи.

Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, изјави за Б92 дека разузнавачките податоци покажуваат оти властите во Приштина се подготвуваат да предизвикаат провокации во врска со изборите на 6-ти мај.

„Изборниот материјал можеби ќе се конфискува, и луѓето кои учествуваат во изборниот процес можеби ќе бидат уапсени, што може да ги загрози не само изборите, туку и безбедноста на [граѓаните]“, рече тој.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар