Мерките на штедење и анти-имигрантското расположение ги водат грчките избори

26/04/2012

Лутината на гласачите е двигател на кампањите на оние кои се сметаат за екстремисти пред изборите следниот месец.

Анди Дабилис за Southeast European Times во Атина -- 26.04.12

photo

Член на екстремистичката десничарска партија Златна зора го држи грчкото знаме за време на предизборен митинг во Атина. [Ројтерс]

По две години протести, штрајкови и немири против мерките на штедење кои ги скратија нивните плати, ги зголемија даноците, намалија пензиите, и бројка од 150.000 државни работници кои ќе ја изгубат својата работа, Грците ќе излезат на гласање на 6-ти мај, за избор на нов водач и парламент.

Подгреани од лутината против мерките на штедење и политичарите кои се залагаат за платформи против имигрантите, изборите ќе се одржат во атмосфера на голем немир. Двете доминантни партии, ПАСОК на социјалистите и Нова демократија на конзервативците, ја делат власта во лабавата хибридна влада, надгледувана од поранешниот заменик-претседател на ЕЦБ, Лукас Пападимос. Но, заедничката поддршка за коалицијата падна на 40 отсто, помалку од половина од она што го добија на изборите во 2009 година, поради нејзината поддршка за мерките на штедење.

Грција преживува на два финансиски пакети помош од 139 милијарди евра во вид на серија заеми за спас од Тројката ЕУ-ММФ-ЕЦБ, која предупреди дека ќе ги откаже парите ако новата влада се обиде да чепка во реформите.

Неонацистичката група Златна зора расте и се чини дека ќе освои места во парламентот, водена од јавните настапи на кои ги повикуваат Грците да ја испразнат земјата од 400.000 нелегални имигранти кои ги обвинуваат за криминал, проституција и други зла.

Повеќето главни политичари стојат настрана од јавен публицитет, оставајќи ги водачите да им се обратат на нивните поддржувачи. Но, новиот водач на ПАСОК, Евангелос Венизелос -- поранешен министер за финансии кој двојно ги зголеми даноците на доход и на имот и ги оданочи сиромашните -- рече дека ќе одржи предизборен митинг на 4-ти мај на главниот атински плоштад Синтагма, каде што две години се одржуваат протести, штрајкови и немири.

Во ситуација кога анкетите покажуваат дека ниту Нова демократија, ниту ПАСОК немаат доволно гласови за директна победа, тие се соочуваат или со формирање коалиција на идеолошки спротивности или со шанса за нови избори додека не се формира нова влада. Претстојните избори може да бидат најважните во Грција по падот во 1974 година на владејачката десничарска воена хунта и обновувањето на демократијата.

„Не може да се биде преголем оптимист дека изборите ќе дадат силна влада, ниту дека коалициските влади кои во моментов се чинат возможни, ќе бидат силни, ефикасни и ефектни“, рече за SETimes Такис Папас, професор по политички науки на Универзитетот на Македонија во Солун, Грција.

Лутината поради мерките на штедење ги турна Грците накај партиите што се против финансиската помош и екстремистите како што се Златна зора, чиј водач, Николаос Михалолиакос, освои место во Атинскиот градски совет во 2010 година. Партијата го пополнува политичкиот вакуум организирајќи политички настапи на места каде што се собираат Грците.

Помалите партии ќе имаат корист од највисокиот суд на земјата, бидејќи ќе им биде дадено пропорционално покривање на телевизија, за разлика од стандардот што им даваше само на групите што се веќе во парламентот највеќе време за емитување програма, кое во голема мера натежнуваше на страната на ПАСОК и Нова демократија. Владејачките партии, исто така, се жестоко нападнати поради тоа што си изгласаа самите 30,2 милиони евра од парите на даночните обврзници за предизборна кампања, во време кога многу Грци се мачат.

„Луѓето знаат кои се одговорните луѓе: двете големи партии кои ја водат државата изминативе 35 до 40 години. И затоа нивниот процент е толку низок“, рече за SETimes Мариос Евривиадес, асистент по меѓународни односи на Пантеон универзитетот во Атина.

„Фракциите немаат идеологија што ги поврзува освен што се против финансиската помош, само тоа ги обединува.“ Тој додаде: „Крајот на двопартискиот систем е на видик.“

Но, заложбите против имигрантите се нагласениот двигател, и растечката популарност на Златна зора ги натера другите партии да заземат цврст став против нелегалните имигранти кои ја користат Грција како влезна точка за барање азил или одат во другите земји на ЕУ. Анкетата на Капа рисрч покажа дека 61,7 отсто од Грците ги одобруваат анти-имиграциските платформи.

Како потег кој критичарите велат дека претставува предизборна тактика, министерот за граѓанска заштита Михалис Хрисохоидис, социјалист, отвори 30 затворски центри низ целата земја за сместување на 30.000 имигранти.

„Секој кој нема право на меѓународна заштита, и е едноставно нелегален, ќе биде репатриран во согласност со постојните процедури“, рече тој.

Јоргос Караџаферис, водач на десничарската група ЛАОС, која е во опасност да не добие места поради лутината дека тој накратко учествуваше во коалицијата, изјави за СКАИ ТВ дека сместувањето на нелегалните имигранти на островите кои се користеле за прогон на комунисти за време на хунтата е „добро решение“.

„Не сакам тие да станат мнозинство“, рече Караџаферис, истовремено бранејќи го правото на Грците да носат оружје. „Замислете како доаѓа странец да ја силува вашата ќерка и сопруга. Ќе го убиете; нема дискусија за тоа“, рече тој.

Џон Номикос, директор на атинскиот Истражувачки институт за европски и американски студии, рече дека ризикот што го носат нелегалните имигранти е вистински.

Поврзани написи

Loading

„Политичарите ќе го нагласат проблемот со нелегалната миграција како дел од нивната кампања за ,ловење’ гласови, рече тој за SETimes. „По изборите политичарите и нивните партии ќе се постават кон ова прашање како кон „вообичаена работа“ и нелегалните имигранти ќе продолжат да доаѓаат од грчко-турските граници и островите.“

Водачот на Комунистичката партија (ККЕ) Алека Папарига ја критикуваше реакцијата. „Не можеме да ги фрлиме во морето“, рече Папарига, изјавувајќи за СКАИ ТВ дека емигрантите придонесоа за грчкото национално богатство.

Јоргос Цагопулос, соработник-истражувач во Грчката фондација за европска и надворешна политика во Атина, рече дека нелегалните имигранти се користат за да се одвлече вниманието на гласачите од економската криза и мерките на штедење.

„Тоа е нормална популистичка реторика на грчките политичари и вие не можете да направите разлика меѓу ПАСОК и Нова демократија“, рече тој за SETimes. „Грчкиот народ не им верува повеќе.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Екстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирањеЕкстремистите ги искористуваат сиромаштијата и младите во обидите за регрутирање

Економските можности и образованието се неопходни за запирање на ширењето на екстремизмот меѓу младите.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали овозможувањето силен балкански економски пазар ќе го подобри процесот на помирување во регионот?

Да
Не
Не знам



Види ги резултатите Додадете коментар