ЕУ ќе ги олесни визните процедури за турските граѓани

24/04/2012

Турција е единствената земја која води преговори за членство во ЕУ, но која не ги користи благодетите на Шенген визната либерализација.

Менексе Токјај за Southeast European Times во Истанбул -- 24.04.12

photo

Нов план ќе го олесни процесот за аплицирање за визи за ЕУ и ќе ги намали трошоците за турските граѓани. [Ројтерс]

ЕУ одобри план за олеснување на визниот режим во пресрет на состанокот на Советот за внатрешни работи на 26-ти април, кога овој орган треба да донесе одлуки за визните процедури за турските граѓани, но турските власти велат дека очекуваат безвизен режим наскоро како механизам за изградба на доверба за потпомагање на процесот за пристапување на Турција во ЕУ.

Според планот на ЕУ, кој ќе биде имплементиран до јули оваа година, процесот за добивање на виза ќе се скрати на две недели, додека визните такси ќе се намалат од 60 евра на 35 евра.

Пензионерите, директорите на невладини организации, новинарите и децата помлади од 12 години нема да плаќаат визни такси веќе, додека одредени занимања -- уметниците, бизнисмените, спортистите и новинарите -- ќе можат да добијат визи за период кој ќе се движи помеѓу две и пет години.

Но, олеснувањето на визниот режим е привремен чекор, а не цел сама по себе, вели турскиот министер за европски прашања Егемен Багис.

„Она што Турција го бара од ЕУ е Европската комисија да започне дијалог за визна либерализација со Турција [без одлагање] за да се обезбеди безвизен режим за турските граѓани“, изјави Багис за SETimes.

Тој објасни дека земјите од ЕУ, кои се соочуваат со тешка економска криза, ќе имаат најголема корист од зголемените можности по посетите на турските државјани.

Полесното патување во ЕУ продолжува да има големо симболично значење за Турција. Таа е единствената земја која одржува преговори за членство во ЕУ, но која не ги користи благодетите на Шенген визната либерализација, која ЕУ им ја додели на земјите од Западен Балкан во 2009-та и 2010-та година.

Според Натали Точи, заменик-директор на римскиот институт Афари Интернационали, дијалогот за визна либерализација нема сам да ги врати односите помеѓу ЕУ и Турција на вистинскиот пат и другите пречки во процесот на пристапување да исчезнат.

„Но, тоа може да ја врати довербата во односите, неопходен предуслов за нов позитивен импулс во односите помеѓу ЕУ и Турција“, изјави Точи за SETimes.

Според Емилијано Алесандри, член на германскиот Маршалов фонд, ЕУ го иницира олеснувањето на визниот режим бидејќи е загрижена за порозноста на границата помеѓу Турција и ЕУ, и е обединета за воспоставување на нови механизми за да ги врати назад илегалните мигранти, што подразбира потреба од ефикасно спроведување на договорот за реадмисија помеѓу ЕУ и Турција.

До неодамна, потпишувањето на договорот за реадмисија се сметаше за главна пречка за олеснување на визниот режим. Текстот на договорот конечно беше одобрен во февруари минатата година, по долги преговори, и во него само нејасно беше споменат „дијалогот за визна либерализација и движење на турските граѓани.“

Сепак, Турција го отфрли потпишувањето на договорот додека ЕУ експлицитно не се обврзе на визната либерализација.

Поврзани написи

Loading

Според Зејнеп Озлер, виш истражувач во Фондацијата за економски развој, со последниот потег ЕУ й го "продава" договорот за реадмисија на Турција, нудејќи й серија добро дефинирани правила кои водат до визна либерализација.

„Нејасното споменување на дијалогот за визна либерализација не е доволно голем мотив кој ќе ги поттикне турските политичари и официјални лица да ги спроведат скапите реформи“, изјави Озлер за SETimes.

Озлер објасни дека малите гестови или реториката кои укажуваат на слабо светло на крајот од тунелот нема да бидат доволни веќе, и дојде времето ЕУ да дејствува.

„Не е само неопходно да се донесе Турција побиску до ЕУ, туку, исто така, тоа е единствениот прифатлив начин да се обезбеди суштинската соработка на Турција во управување на миграцијата и азилот, нешто што ЕУ се стреми да го постигне денес“, заклучи Озлер.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар