Иран го прекина извозот на нафта за Грција пред крајниот рок на санкциите на ЕУ

17/04/2012

Грција се бори со одлуката на Иран да го прекине протокот на сурова нафта.

Х.К. Цанис за Southeast European Times во Атина -- 17.04.12

photo

Производството во рафинеријата за сурова нафта во близина на Коринт може да биде погодено од пресекувањето на дотурот на иранска нафта. [Ројтерс]

Две големи рафинерии во Грција, Хеленик петролеум (ЕЛ.ПЕ) и Мотор оил груп, на 10-ти април потврдија дека престанале да добиваат иранска сурова нафта, потврдувајќи ги сличните изјави на иранските власти неколку часа порано.

Меѓународните новински агенции, исто така, цитираа извештаи од истиот ден за иранскиот прекин на дотурот на нафта за Шпанија и размислувањето за слични активности против Германија и Италија, поради одлуката на ЕУ во јануари да воведе санкции врз Блискиот Исток заради неговата пркосна нуклеарна програма, почнувајќи од 1-ви јули.

Иако иранската страна не посочи конкретно на санкциите како причина за одлуката, Техеран веќе ја прекина испораката на нафта за Велика Британија и Франција.

Извештаите на новинските агенции во земјата минатата недела, како веб-страницата на Прес ТВ, ја оправдаа забраната за продажба на двата грчки петрохемиски гиганти, тврдејќи дека тие не го подмириле долгот.

Во вторникот официјалните претставници на ЕЛ.ПЕ рекоа дека групата бара нови снабдувачи на сурова нафта да го исполнат недостатокот предизвикан со иранската одлука, иако веднаш започнале со резервни планови, по одлуката на ЕУ против Иран во јануари.

ЕЛ.ПЕ, исто така, ја поседува рафинеријата ОКТА АД, надвор од Скопје. Локалниот печат тврди дека ЕЛ.ПЕ бара снабдувачи од Северна Африка и Русија, да ја пополнат празнината.

Извршниот директор на претпријатието, Ангелос Странис, изјави за SETimes дека ЕЛ.ПЕ увезуваше околу 25 отсто од својот дотур на сурова нафта од Иран во 2011 година, зголемување од 7-те отсто во 2010 година. Тој рече дека потребите на претпријатието се околу 325.000 барели на ден.

Притиснат понатаму, тој одби да ја елаборира стратегијата на групата.

Поврзани написи

Loading

„Нашата позиција е дека ние не коментираме јавно за нашата комерцијална и трговска политика“, рече Странис, додавајќи дека прекинот на увоз на нафта нема да влијае на цените на бензинските пумпи.

Директорот за финансии на Мотор оил, Петрос Цанетакис, пак, беше цитиран дека неговото претпријатие ги прекина трансакциите со Иран „веќе некое време“.

Без оглед дали иранскиот потег се смета за „контра-санкција“, известувачот за енергетскиот сектор Јанис Канупакис изјави за SETimes дека банкарските трансакции со иранскиот нафтен сектор, исто така, стануваат сé потешки во последно време.

Прес-аташето Махмуд Балади во Иранската амбасада во Атина само повтори дека неговата влада не издаде официјална причина за прекинот на дотур на нафта за Грција и другите земји на ЕУ. Еден ден подоцна, иранскиот министер за нафта, Ростам Ќасеми, рече дека Техеран, навистина, прекина со извоз на сурова нафта за двете грчки рафинерии, без да даде детали.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Focus on Ukraine

Репортажа

Балканските земји преземаат мерки на претпазливост против ширењето на еболатаБалканските земји преземаат мерки на претпазливост против ширењето на еболата

Експертите предупредуваат дека еболата е голема закана за регионот и дека терористите може да ја користат како оружје.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Исламската држава на Ирак и Левант (ИСИЛ) сака да го измени Коранот за да го приспособи на својата екстремистичка форма на Исламот. Дали мислите дека овие напори ќе бидат отфрлени од муслиманското население во светот?

Да
Не
Не знам