Зголемувањата на цената на бензинот го погоди животниот стандард во регионот

12/04/2012

Регионалните земји-членки на ЕУ имаат помала флексибилност за контрола на даноците за горивото, но сите се соочуваат со зголемени цени.

Александар Павлевски за Southeast European Times во Скопје -- 12.04.12

photo

Потрошувачите во Македонија ги чувствуваат последните зголемувања на цената на бензинот. [Aлександар Павлевски/SETimes]

Честите зголемувања на цената на бензинот оваа пролет ги преоптоваруваат и онака оптоварените регионални економии, но некои влади преземаат мерки за решавање на проблемот, соочени со скоро сигурните дополнителни зголемувања на цената.

Во Босна и Херцеговина (БиХ) цените на бензинот се зголемија седумпати оваа година, на рекордни нивоа, иако цените се сé уште најниски во регионот.

„Јасно е дека дистрибутерите и рафинериите ги преминаа сите граници, и нафтените производи се 30 отсто поскапи отколку што треба да бидат“, рече за SETimes Драгован Петровиќ, од Здружението на потрошувачи на Република Српска. „Ситуацијата е иста во сите регионални земји.“

По падот на околу 80 американски долари за барел минатата есен, цената на суровата нафта постојано расте, доближувајќи се до 110 американски долари за барел минатиот месец. Нафтата оваа недела остана на висина од преку 100 американски долари за барел, и експертите велат дека зголемувањата на цената негативно се одразува на сé, од јавниот транспорт до основните продукти.

„Повеќе од две третини од потрошувачите се плашат од зголемувања на цената на [бензинот] бидејќи тоа претставува закана за буџетите на нивните домаќинства и куповната моќ“, рече за SETimes Гордана Булиќ, од Здружението на потрошувачи на БиХ.

Бизнисите се, исто така, погодени. Македонските претпријатија употребија скоро 190.000 тони нафта и нафтени деривати минатата година, но оперативните трошоци скокнаа за 25 отсто -- само поради зголемувањата на цената на гасот.

„Увозниците на опрема за производство и машини се соочуваат [не само] со повисоки цени на купувањето, туку и со зголемувања на данокот, што го задушува производството и економскиот раст“, рече за SETimes Лилјана Конеска, професор по економија на Европскиот универзитет во Скопје.

Конеска тврди дека ситуацијата може да се спореди со нафтениот шок во 1970-тите, кога цената на барел нафта скокна од помалку од 3 американски долари за барел на 38 американски долари за помалку од една година. Последователната нормализација на цените на нафтата, пак, не беше придружена со соодветно намалување на цената на стоките и услугите, што предизвика големи тешкотии.

„Како последица на зголемувањата на цената на бензинот сега, јагленот, електричната енергија и цените на другите горива, исто така, се зголемија -- всушност, цените на сите производи и услуги -- создавајќи маѓепсан круг“, рече Конеска.

Бизнисмените и граѓаните бараат од владите да преземат итни мерки, вклучително и намалување на данокот на акцизите на нафтата и укинување на давачките за нафтените резерви за намалување на цената на дериватите.

Србија интервенираше и ја намали цената на горивото минатиот месец. Министерот за стопанство, Душан Петровиќ, објави дека пазарот на нафтените деривати се стабилизирал и дека не се очекуваат понатамошни зголемувања.

Слично на тоа, Хрватска ја ограничи цената на бензинот на 1,64 евра за литар. Ако цената ја надмине границата, владата ќе преземе итни дејства за намалување на акцизите за горивото и ќе ја намали цената.

Регулативите како во Србија, така и во Хрватска, предвидуваат дека цените може да се корегираат еднаш месечно, односно еднаш на две недели.

Во БиХ нема закон што ги регулира нафтата и нафтените деривати, и поради тоа што цените се одредуваат слободно од нафтените претпријатија, по одобрување од министрите за трговија на ентитетите, во секое време може да се изврши корекција на цената.

За разлика од тоа, Регулаторната комисија за енергетика во Македонија ја утврдува цената на бензинот. Минатата година владата се откажа од дел од своите приходи од даноците на нафтените деривати, што привремено ги намали цените.

„Македонија има најниски даноци [во Европа] и се обидува повеќе да не ги зголемува; ние ... дури и се обидуваме да ги намалиме даноците“, рече премиерот Никола Груевски.

Поврзани написи

Loading

Ситуацијата е покомпликувана за регионалните земји-членки на ЕУ, каде што преку 60 отсто од вкупната цена на бензинот се оданочува.

„Грција води во регионот; финансиските обврски кон државата таму надминуваат 80 отсто од цената на бензинот, и продолжуваат да растат. Тоа е дел од генералниот неуспех на фискалната политика на ЕУ, која ги оптоварува eнергетските производи со енормни стапки“, рече за SETimes Виктор Трифуновски, сопственик на претпријатие за транспорт.

Земајќи ги предвид разликите во владините одговори, и свесни за севкупната економска штета на континуираните зголемувања на цените на нафтата и нафтените деривати, некои трговци со бензин објавија дека може да се откажат од дел од профитите, и да ги намалат цените на бензинските пумпи.

„Ако зголемувањата во Скопје продолжат, ќе ја намалам цената за моите редовни потрошувачи“, рече за SETimes Мите Јовановски, сопственик на бензинските пумпи Макоил.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар