Експертите предлагаат заедничка авиокомпанија за Западен Балкан

12/04/2012

Застапниците за идејата велат дека тоа би значело поевтини летови и директни врски.

Мухамет Брајшори за Southeast European Times во Приштина -- 12.04.12

photo

Нови летови се додадени за опслужување на српскиот, хрватскиот и косовскиот пазар. [Ројтерс]

Андреа Димитров, патник од Бугарија, чека на аеродромот во Тирана. Неговата врска за да стигне дома е преку Виена, околу 800 километри надвор од неговиот пат.

„Се оди преку Виена бидејќи нема директен лет и билетот е енормно скап. Платив 370 евра; можев да добијам поевтин билет од Софија до Лондон“, рече Димитров.

Сé на сé, светската финансиска криза значеше сиромашни години за авиокомпаниите, и Западен Балкан не беше исклучок. Додека некои држави како што е Србија имаат државни превозници, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска целосно ги приватизираа своите или ги задржаа уделите во превозниците, како што е Кроејшн ерлајнс и Адрија ервејс. Релативно малиот пазар и големиот број превозници се причина за тоа некои експерти да предложат заедничка авиокомпанија што ќе може да го сервисира целиот регион.

„Ако националните превозници се спојат во регионален, тоа ќе понуди стабилност на пазарот, намалување на цените за патниците и ќе [охрабри] фер конкуренција кон поголемите европски авиопревозници присутни на пазарот“, рече за SETimes Дритан Келиу, професор по економија и директор на Балканскиот центар за економија и трговија.

Досега единствената авиокомпанија што работи во Албанија е Белер, приватно претпријатие. Во ноември 2011 година Албанската цивилна авијациска власт ја повлече лиценцата на Албаниан ерлајнс за да спречи нејзино додавање на листата превозници кои имаат забрана од ЕУ. Авиокомпанијата беше приватизирана нешто повеќе од две години претходно.

Во Србија, владата постојано се обидува да го приватизира националниот превозник ЈАТ Ервејс, но без успех. Најголем регионален превозник останува Тркиш ерлајнс, кој ги зголемува услугите во Западен Балкан.

Али Генц, постар заменик-претседател на Тркиш ерлајнс за односи со медиумите, изјави за SETimes дека авиопревозникот вовел два лета дневно за Белград, десет неделни летови за Приштина, Скопје, Тирана и за Сараево, и планира да додаде дополнителен лет за Подгорица за летната туристичка сезона.

„Ние соработуваме со многу партнери во балканскиот регион“, рече Генц. „Секогаш сме подготвени за соработка со кој било партнер што може квалитетно да ги врши нашите услуги.“

„[Во моментов] летаме до сите главни градови во Балканот. Ние сме претпријатие што брзо расте и го прошируваме нашиот бизнис низ целиот свет, како и во балканскиот регион. Постигнавме голем напредок во регионот, кој може да се види преку бројките“, додаде Генц.

Тој вели дека балканскиот пазар е многу тежок. „Нема пазарна длабочина и пазарот е многу чувствителен на цените. Позитивен факт за регионот е дека има континуиран раст на пазарот. Скоро 80 отсто од пазарниот правец е кон западот. Со нашиот нов мрежен модел ние имаме цел да добиеме поголем удел во пазарот и гледаме извесен напредок“, рече Генц.

Поврзани написи

Loading

Келиу вели дека српскиот, хрватскиот и косовскиот пазар бележат зголемување на летовите.

„Хрватска како туристичка дестинација, додека Косово и Србија -- поради големата дијаспора што живее во странство -- бележат огромно зголемување на летовите. Приштинскиот аеродром за многумина сега е патот да се стигне до Македонија или Албанија поради оддалеченоста до овие земји.“

Косово е единствената земја во регионот без приватен или владин превозник, што им овозможува на различни претпријатија што летаат до Приштина да ги контролираат цените на билетите.

Блерим Мета, доктор што живее во Германија, изјави за SETimes дека би избрал косовска авиокомпанија ако имаше таква опција. „Тоа би ги контролирало цените и косовската дијаспора би испраќала пари за билетите директно во Косово, а не на други места.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Регионот и Турција оптимисти за новото водство на ЕУРегионот и Турција оптимисти за новото водство на ЕУ

Официјалните претставници од регионот велат дека неодамнешните кадровски смени во ЕУ ќе имаат позитивно влијание на односите на нивните земји со Брисел.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Дали треба Грција да го промени начинот на кој се справува со нелегалните имигранти?

Да
Не
Не знам