Јадранската група ја унапредува регионалната соработка во безбедноста

09/04/2012

Регионалните водачи на одбраната ветија заеднички пристап кон евроатланската интеграција и решавање на заедничките безбедносни предизвици.

Клаудија Лутовска за Southeast European Time во Скопје -- 09.04.12

photo

Министрите за одбрана на земјите-членки на Јадранската група потпишаа заедничка декларација во Скопје. [Toмислав Георгиев/SETimes]

Напорите на Јадранската група за унапредување на регионалната соработка во безбедноста и одлуката на нејзините членови за заеднички пристап кон членството во НАТО пред самитот на Алијансата следниот месец, претставуваат чекор напред, според аналитичарите.

Министрите за одбрана на Јадранската група -- Албанија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина (БиХ) и Косово -- потпишаа декларација за време на нивниот конгрес во Скопје минатиот месец, во која се бара од НАТО јасно да каже на следниот состанок во Чикаго дека е посветен на својата политика на „отворени врати“ за членство.

„НАТО е најдобар гарант за регионалната безбедност. Регионалните земји работат заеднички на [унапредување] на одбранбените концепти и необесхрабрување од бирократските процедури“, рече црногорската министерка за одбрана, Милица Пејановиќ-Ѓуришиќ.

Аналитичарот Панде Лазаревски од Институтот Павел Шатев изјави за SETimes дека декларацијата, исто така, покажува оти регионалните земји се подготвени за пристапување во Алијансата, не само на индивидуална основа, туку и како регионална група.

„Декларираната подготвеност за влез и изградба на заеднички колективен систем на одбрана, претставува важен чекор напред во процесот на пристапување“, рече Лазаревски.

Тој објасни дека подеднакво важно е земјите-членки на НАТО, Хрватска и Албанија да ветат дека ќе даваат континуирана поддршка на земјите-аспирантки, Македонија, Црна Гора и БиХ.

„Хрватска и Албанија сé уште учествуваат во Јадранската група, повеќе од политичка солидарност, иако тие имаат корист од тоа и во поширока смисла“, додаде Лазаревски.

Пензионираниот полковник Петар Шрбина, воено-безбедносен аналитичар, изјави за SETimes дека конференцијата во Скопје, исто така, имаше за цел да го подготви теренот за кандидатурата за НАТО на Косово и БиХ. Тоа, рече тој, го објаснува отсуството на Србија на собирот.

„Американската државна секретарка објави дека Косово треба да стане земја-кандидатка за НАТО. Планот треба да се реализира многу наскоро. Агим Чеку беше присутен во Скопје, во својство на косовски министер за одбрана“, рече Шкрбина.

„Што се однесува до кандидатурата на БиХ, тоа ќе биде проблематично, поради статусот на Република Српска“, рече тој.

На конференцијата Чеку вети: „Косово е подготвено да помогне во градењето на регионалната безбедност и стабилност и сега е време да пристапи во повелбата“, и, што е многу важно, изрази жалење за отсуството на Србија.

Во врска со безбедносниот вакуум создаден со блокирањето од страна на Грција на пристапот на Македонија во НАТО, групата вети поддршка за Македонија како дел од декларацијата, барајќи од Алијансата да й додели членство „што е можно поскоро“.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов побара НАТО да ја преиспита својата одлука од самитот во Букурешт во 2008 година -- кога потклекна пред грчките барања.

„Македонија ги исполнува сите услови за членство и земјите-членки на НАТО треба да ја земат предвид пресудата на МСП, според која Грција го прекрши меѓународното право кога го блокираше влезот на Македонија во Алијансата“, рече Иванов.

Тој изрази надеж дека Грција ќе ги почитува своите обврски од времената спогодба со Македонија од 1995 година.

„Тоа е најразумно решение. Времената спогодба предвидува дека Македонија може да стане членка на меѓународните организации под привремената референца на ОН ,поранешна југословенска република Македонија’. Грција се согласи со таа одлука“, рече за SETimes Тони Дескоски, професор по меѓународно право на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Групата, исто така, рече дека треба да се преземат чекори за спроведување на мултинационална воздухопловна одбрана.

Поврзани написи

Loading

Истата повика на заеднички регионални проекти, како што е формирање регионални медицински тимови, мрежно поврзување на сите центри за обука и проширување на соработката во областа на природните катастрофи.

„Ова е јасна решеност да се примени мудриот одбранбен концепт на НАТО за колективно користење на постојните регионални одбранбени капацитети, што барем ќе ги намали ризиците и заканите за регионалната безбедност“, рече за SETimes Димитар Мирчев, поранешен амбасадор и професор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Формирањето регионален совет сличен на скандинавскиот Нордиски совет за изготвување енергетски, инфраструктурни, транспортни, прехранбени и еколошки проекти за унапредување на одбранбените концепти, треба да биде следниот чекор, рече поранешниот македонски министер за надворешни работи, Срѓан Керим.

Моделот е применлив бидејќи не може сите балкански земји да учествуваат во различни проекти, со што се нуди излез од билатералните спорови кои го задушуваат напредокот.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар