Јавното самоубиство на „Маченикот за Грција“ предизвика бес против мерките на штедење

06/04/2012

Пензионерот ја обвинува владата, и рече дека претпочита да умре, отколку да се гребе низ контејнерите за храна.

Енди Дабилис за Southeast European Times во Атина -- 06.04.12

photo

Јавното самоубиство на избезумениот маж, кој рече дека не може повеќе да се грижи за своето семејство поради грчките мерки на штедење, повторно ги разгоре емоциите во Атина. [Ројтерс]

Вкупо 149 луѓе си ги одзедоа своите животи оваа година во Грција пред 77-годишниот Димитрис Христулас, пензионер и пензиониран фармацевт, да застане под дрво рано на 4-ти април на плоштадот Синтагма во центарот на Атина, наспроти парламентот, каде што пратениците наметнаа двегодишни мерки на штедење, и да си испука куршум в глава.

Неговата смрт, пред случајните минувачи и шокираните граѓани кои излегуваа од станицата на метрото во време на шпицот на раздвиженоста, беше истрел што одекна низ целиот свет.

Со тоа многу јавно самоубиство, Христулас стана, како што го нарекоа грчките весници, маченичка жртва на уништувачката економска криза која донесе 21 отсто невработеност, затвори повеќе од 111.000 бизниси, остави 500.000 луѓе без приходи и без надеж, и ги втурна многу Грци во сиромаштија.

Тој остави писмо во кое вели дека не можел да си дозволи лекови за болест, ниту да се соочи со идејата „за претурање по контејнери за храна и да му станам товар на моето дете“. Во суровото подбуцнување на политичките водачи кои направија кратења на примањата, даночни зголемувања и ги намалија пензиите на јавноста за да ги исполнат условите на меѓународните позајмувачи кои понудија 239 милијарди евра финансиска помош, тој ја спореди владата со онаа на колабораторскиот премиер кој работел со нацистите за време на нивната окупација на Грција за време на Втората светска војна, очигледен жесток напад на улогата на Германија во присилувањето на мерките на штедење наметнати врз Грците и владината премолчена согласност.

Христулас стана веднаш симбол на лутината и разочараноста поради мерките на штедење, особено за пензионерите како него, од кои на некои им се скратени пензиите на само 300 евра месечно, додека даночните затајувачи што й должат на земјата 55 милијарди евра, претежно поминуваат неказнети, а политичарите обвинети за примање огромно мито и корупција се слободни, при што еден дури и ја доведе на суд владата за да му ја зголеми пензијата. Тоа е неправдата, велат Грците, која го натерала Христулас на ваков чин.

photo

Во писмото, 77-годишниот Димитрис Христулар вели дека не можел да поднесе да копа низ ѓубрето за храна или да стане товар за семејството. [Ројтерс]

Додека политичарите дадоа изјави на сочувство и се обидоа да се дистанцираат од трагедијата, велејќи дека можеби не била поврзана со економската криза, и покрај писмото, самоубиството на Христулас го разбранува грчкото општество, поттикна палење свеќи на бдеење, протести и борби со полицијата, која се обиде да го растера насобраниот народ кој се собра под дрвото истиот ден. Тие се вратија следниот ден, многу од нив, движејќи се околу дрвото, закачувајќи белешки на кои пишуваше: „Не беше самоубиство, беше политичко убиство“.

Нивните протести го засилуваат бесот само неколку недели пред изборите за нов водач на земјата оптоварена со проблеми, на местото на лабавата хибридна влада на социјалистите на ПАСОК и нивниот жесток противник, конзервативците на Нова демократија, за кои привремениот премиер Лукас Пападимос рече дека се обидуваат да ги саботираат реформите, бидејќи им паѓа рејтингот на анкетите.

Местото каде што Христулас се уби, веднаш стана светилиште. Тоа беше истото место каде што двете години протести, немири и штрајкови против мерките на штедење и минатогодишната окупација на плоштадот од страна на илјадници т.н. огорчени луѓе, вклучително и Христулас, создаде слики за Грција како земја што се тетерави во превирања и проблеми. Во четвртокот (5-ти април), додека стоеше со својата сопруга гледајќи ги луѓето како луто дебатираат за тоа што се случи, Ник Стрикос (22) рече дека мисли оти и други луѓе ќе го следат примерот на Христулас, бидејќи очајот меѓу нив е толку голем.

Поврзани написи

Loading

„Ова само што почна. Ова беше прво политичко самоубиство“, рече за SETimes Стрикос, професор по компјутерска теорија во средно училиште. „Ова место ќе биде споменик.“

Стоејќи во близина, Кимон Сапнас (38), кој работи за превозно претпријатија, рече: „Се надевам дека ова нема да биде залудно“. Тој изјави за SETimes: „Тоа е разочараноста на луѓето и лутината. Луѓето мислат дека мерките на штедење треба да ги спасат банките“.

Исто така, се правеа анализи во врска со тоа каква изјава тој се надевал дека неговата смрт ќе предизвика. „Ова беше направено јавно. Тој сакал да изјави нешто“, рече за SETimes Василеилос Павлопулос, асистент по меѓукултурна психологија на Универзитетот во Атина.

(Катинерини, 05.04.12; 04/04/12; Гардијан, 05.04.12; AП, 04.04.12)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Focus on Ukraine

Репортажа

Балканските земји преземаат мерки на претпазливост против ширењето на еболатаБалканските земји преземаат мерки на претпазливост против ширењето на еболата

Експертите предупредуваат дека еболата е голема закана за регионот и дека терористите може да ја користат како оружје.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Исламската држава на Ирак и Левант (ИСИЛ) сака да го измени Коранот за да го приспособи на својата екстремистичка форма на Исламот. Дали мислите дека овие напори ќе бидат отфрлени од муслиманското население во светот?

Да
Не
Не знам