Шефот на антикорупциското одделение уапсен за корупција

04/04/2012

Шефот на одделението за борба против корупцијата во Косово при Специјалното косовско обвинителство и двајца други се уапсени под обвинение за злоупотреба на службената положба.

Линда Карадаку за Southeast European Times во Приштина -- 04.04.12

photo

ЕУЛЕКС го уапси шефот на одделението задолжено за борба против корупцијата, кој е обвинет дека примил мито од 40.000 евра. [Лаура Хасани/SETimes]

Апсењето на шефот на одделението за борба против корупцијата -- и самиот под обвинение за корупција -- претставува значително назадување на напорите на Косово да има влада која може да ја придобие довербата на своите граѓани, велат аналитичарите.

Назми Мустафи, кој управуваше со одделението во Специјалното обвинителство откако истото беше формирано од премиерот Хашим Тачи во 2010 година, беше уапсен во понеделникот (2-ри април) од страна на канцеларијата на ЕУЛЕКС во Косово.

Мустафи и двајца негови соработници се обвинети за примање мито од Пашк Мираши, поранешен ликвидатор на приштинската Кредитна банка. Мираши беше обвинет во март 2011 година за проневера на 200.000 евра и отслужи три месеци домашен притвор, но беше ослободен откако му дал на Мустафи мито од 20.000 евра, според косовската телевизија КТВ.

Браќата Решат Жерка и Џелал Жерка, кои се обвинети дека му биле соработници на Мустафи, беа исто така уапсени. Тие се обвинети дека биле „посредници“ на Мустафи во земањето мито од осомничените.

Окружниот суд во Пеќ во четвртокот пресуди дека Мустафи ќе остане во притвор 30 дена. Браќата Жерка ќе останат во притвор 15 дена.

Косовскиот државен обвинител Исмет Кабаши, кој, исто така, го предводи Косовскиот обвинителски совет, рече дека обвиненијата претставуваат удар за канцеларијата на обвинителот.

„Сакам да искажам длабока огорченост поради фактот дека еден обвинител ... и истовремено водач на антикорупциското одделение -- постапил спротивно на законот и е осомничен за извршување кривично дело“, рече Кабаши.

Според Балкан инсајт, ЕУЛЕКС го испитувал Мустафи повеќе од година, откако забележал дека повеќето случаи што тој ги водел се отфрлени поради недостаток на докази, или завршиле со тоа што на осомничените им е одредено условно ослободување.

Најголемиот случај на Мустафи се однесува на Хашим Реџепи, поранешен гувернер на косовската централна банка, кој пропадна во декември кога судот не сакаше да го потврди обвинението против него, наведувајќи го недостатокот на докази.

Мерита Мустафа, менаџер на Антикорупциската програма на Косовскиот демократски институт, изјави за SETimes дека апсењето на Мустафи докажува оти е тешко да се најдат луѓе или институции во Косово што ќе се спротивстават на корупцијата.

„Овој феномен е повеќе од присутен сега во секој сегмент, истиот станува дел од системот“, рече Мустафа.

Поврзани написи

Loading

Авни Зогиани, коосновач на Организацијата за демократија, антикорупција и достоинство, рече дека случајот го доведува во прашање водењето од страна на Мустафи на другите случаи.

„Како е можно тој да останал на ваква важна позиција?“, рече Зогиани за SETimes. „И, втората загриженост -- колку оваа личност влијаела на истрагите во големите случаи на корупција, имајќи предвид дека досега, ниту еден важен случај не е успешно завршен?“

Косовскиот институт за демократија и Транспарентност интернешнал Косово рекоа дека апсењето само ја зајакнува јавната перцепција за поврзаност меѓу политиката и корупцијата и им ја уништува надежта на луѓето дека корупцијата може да се победи.

„Овој случај, исто така, го покажува уште еднаш неуспехот на мултимеханизмите создадени од косовските политички институции во Косово -- претседателот, владата, парламентот -- со цел ефикасна борба против корупцијата. Истиот сериозно ја доведува во прашање потребата за понатамошно постоење на вакви механизми“, се вели во изјавата на организациите.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар