Српскиот претседател Тадиќ ќе поднесе оставка: планира да побара нов мандат

04/04/2012

Објавувајќи ја својата оставка во средата, Борис Тадиќ рече дека планира да се кандидира за нов мандат на предвремените избори на 6-ти мај.

(AП, Ројтерс, ББС, Б92 - 04.04.12)

photo

Српскиот претседател Борис Тадиќ, кој во среда (4-ти април) во Белград ја објави својата оставка, ќе се кандидира за нов мандат следниот месец. [Ројтерс]

Српскиот претседател Борис Тадиќ ја објави својата оставка во среда (4-ти април), десет месеци пред истекнувањето на неговиот петгодишен мандат.

Прозападен политичар и силен поддржувач на интеграцијата на неговата земја во ЕУ, Тадиќ рече дека ќе испрати официјално писмо до претседателката на парламентот, Славица Ѓукиќ-Дејановиќ, в четврток, по што се очекува таа да свика предвремени избори на 6-ти мај.

„Во согласност со уставот, одлучив да го скратам мојот мандат ... за да овозможам одржување избори на сите нивоа на 6-ти мај“, ја цитираше Ројтерс изјавата на Тадиќ, претседател на Демократската партија (ДС). „Ќе се кандидирам на овие избори и очекувам да бидат тешки.“

Изборите ќе се совпаднат со парламентарните и локалните избори, што се закажани за истиот ден.

ДС на Тадиќ е главната партија на владејачката коалиција во Србија, која ја доведе земјата до признавање како официјална земја-кандидатка на ЕУ на 1-ви мај.

„Ќе се кандидирам на изборите со голем оптимизам, поради позитивните трендови во нашата земја“, белградски Б92 ја цитираше изјавата на Тадиќ за новинарите во среда. „Предлагам пат на европска интеграција и зачувување на интегриретот на земјата.“

Сепак, тој призна дека изборите следниот месец нема да бидат лесни за него. Иако е еден од најпопуларните политичари во Србија, неодамнешните анкети на јавното мислење покажаа дека неговата ДС паѓа во однос на популистичката Српска напредна партија (СНП) на Томислав Николиќ.

Двете партии се соочија на вториот круг од претседателските избори во 2004 и 2008 година, при што двата пати победи Тадиќ. Во 2008 година водачот на ДС беше реизбран за втор петгодишен мандат со малку повеќе од 50 отсто од гласовите.

Водачот на СНП е меѓу неколкуте кандидати што се очекува да се кандидираат за претседател во мај.

Изразувајќи уверување дека овојпат ќе го победи Тадиќ, се цитира изјавата на Николиќ во среда дека се надева оти „изборната кампања ќе биде фер“.

Косово е едно од најгорливите прашања во српската политика. Националистите тврдат дека Тадиќ е подготвен да ја продаде српската покраина во замена за ветувањата дека неговата земја еден ден ќе пристапи во ЕУ.

Косово прогласи независност на 17-ти февруари 2008 година, само два дена по официјалната претседателска инаугурација на Тадиќ. Водачот на ДС во среда истакна дека неговата партија не планира да го промени својот став во однос на ова прашање.

Поврзани написи

Loading

„Нема да го признаеме Косово“, рече Тадиќ. „Јас сум сé уште претседател денес и утре“

Белград веќе најави дека локалните и парламентарните избори на 6-ти мај ќе вклучат делови од северно Косово, кое се идентификува со Србија и неодамна одржа референдум за отфрлање на приштинските институции. Косовските власти ветија дека ќе употребат сила, ако биде потребно, за да ја спречат Србија да спроведе избори во неговите граници.

„Тоа е работа на Србија“, рече за SETimes косовскиот министер за внатрешни работи, Бајрам Реџепи. „Јас сум само заинтересиран тоа да не се одрази на безбедносната ситуација во Косово.“

Линда Карадаку во Приштина даде свој придонес за овој извештај.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Focus on Ukraine

Репортажа

ЕУ бара Балканот да се бори со корупцијата во енергетскиот секторЕУ бара Балканот да се бори со корупцијата во енергетскиот сектор

Нов извештај препорачува реформа на правосудниот систем заради борба со корупцијата во енергетските зделки.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Србија смени пет од своите седум полициски началници бидејќи владата е незадоволна од напорите за елиминирање на корупцијата. Колку е успешна вашата земја во моментов во борбата против корупцијата?

Многу е успешна
Прилично е успешна
Просечно
Прилично е неуспешна
Многу е неуспешна