Бугарија и Србија ја зајакнуваат воената соработка

23/03/2012

Сé посилните одбранбени врски, ги помагаат и интегративните аспирации на Белград.

Ивана Јовановиќ за Southeast European Times во Белград -- 23.03.12

photo

Српски војник вежба со бугарските војници за време на заедничката вежба. [Бугарска амбасада во Белград]

Претходно овој месец во Белград, претставниците на Бугарија и Србија потпишаа годишен план за билатерална воена соработка. Сеопфатниот документ ги покрива одбранбените аспекти на здравството, образованието, полицијата и географијата, како и новиот сегмент од воената рекреација, вклучително и семејството, туристите, посетите на српските воени претставници на Бугарија и обратно.

Воената соработка меѓу Бугарија и Србија датира од 1996 година, кога беше потпишан рамковен договор за воена соработка, и беше повторно потпишан во 2007 година, по поделбата на Србија и Црна Гора. Оваа соработка оттогаш има континуиран раст.

Според воениот аташе на Бугарија во Белград, потполковник Емил Шипочки, планот за соработка за минатата година се прошири за повеќе од 130 отсто и истото се очекува и оваа година.

Досега оваа година соседите соработуваа веќе на скоро 30 воени активности.

Бранислав Ѓорѓевиќ, директор на Центарот за стратешки студии на белградската Академија за дипломатија и безбедност, изјави за SETimes дека соработката во одбраната со соседните земји е неизбежна, со оглед на истата или слична геополитичка позиција, закани и предизвици.

„Односот меѓу Србија и Бугарија во областа на одбраната е доказ за тоа како може да се надмине негативното историско наследство. [Друг] добар пример за ова е односот на Германија и Франција“, рече Ѓорѓевиќ.

Тој рече дека најголемата корист од оваа соработка е фактот што Бугарија е членка на НАТО и дека Србија, како членка на програмата Партнерство за мир, е обврзана да учествува во нејзините активности, со што ќе се стекне со значајно искуство.

Билатералната соработка, пак, станува мултилатерална. На пример, бугарската армија ја покани Србија да учествува на заедничка вежба со бугарските и американските војници во проектот ЕУКОМ Ротациски сили на Црното Море, која беше спроведена во Бугарија.

Исто така, за време на претседавањето на Бугарија со Одбранбениот министерски процес во Југоисточна Европа, Србија стана полноправна членка.

Минатата година Бугарија донираше софтвер за Србија за кодифицирање на одбранбениот систем, односно придржување на стандардите на НАТО и на ЕУ.

Поврзани написи

Loading

„Се надеваме дека придонесуваме за остварување на највисоките стандарди од страна на Србија, што вклучува исполнување на условите за престојниот влез на Србија во Европската одбранбена агенција“, рече Шипочки за SETimes.

Најважна воена вежба која ги вклучува двете воздушни сили е боевото стрелање на воениот полигон Салба во Бугарија. Сабла ја посетуваат и државните и воените водачи на двете земји.

Жанко Спасов (62), Бугарин кој живее во Ниш, рече дека добрите воени односи меѓу соседите го подигнува нивото на удобност.

„Кога знаеш дека твојот народ соработува со земјата во која живееш, се чувствуваш побезбедно; се чувствуваш заштитено. Навистина сум охрабрен од овој годишен план бидејќи сум сигурен дека нема да има војна“, рече Спасов за SETimes.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Извештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионотИзвештај за човековите права забележува дискриминација, кривични дела од омраза во регионот

Според неодамнешниот извештај на Амнести Интернешенел, кршењето на човековите права продолжува во регионот.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Советот на Европа вели дека постојат доволно докази за поддршката на партијата Златна зора на насилството, за Грција да ја забрани партијата, но Атина одбива да го направи тоа. Дали треба Златна зора да биде забранета?

Да.
Не.
Не знам.



Види ги резултатите Додадете коментар