03/03/2012
Денот на независноста на Босна и Херцеговина не се слави низ целата земја.
Бедрана Калетовиќ за Southeast European Times во Сараево – 03.03.12
![]() Жителите во центарот на Тузла уживаат во својот неработен ден во четвртокот (1-ви март), официјалниот Ден на независноста на ФБиХ. [Бедрана Калетовиќ/SETimes] |
И покрај официјалната прослава на Денот на независноста на Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФБиХ) во четвртокот (1-ви март), Република Српска (РС) го третираше денот како обичен ден, исто како и Хрватите во ФБиХ.
„Во БиХ, сите имаат право да прославуваат што сакаат, бидејќи ние сме таков вид држава“, рече водачот на Хрватската демократска заедница на БиХ, Драган Човиќ.
На референдумот што се одржа на 29-ти февруари и 1-ви март 1992 година, граѓаните на БиХ гласаат за отцепување од тогашната југословенска федерација и за суверена и независна држава. На 6-ти април 1992 година Европската заедница ја призна независноста на БиХ.
Човиќ објасни дека на овој национален празник, законски дефиниран како неработен ден, некои во ФБиХ се решиле да работат, сигнализирајќи го значењето на празникот за нив.
Претседателот на РС Милорад Додик целосно го поддржа негирањето на Човиќ на Денот на независноста на БиХ.
„Ова е празник на бошњачкиот народ и ние не го оспоруваме, но тоа не е празник што се слави во РС“, рече тој.
![]() Политичарите им оддаваат почит на луѓето што загинаа во конфликтот во БиХ во 1990-тите, по прогласувањето независност во 1992 година. [Бедрана Калетовиќ/SETimes] |
Членовите на трипартитното претседателство на БиХ одржаа церемонијална конференција посветена на денот. На конференцијата присуствуваа повеќе од 200 претставници на меѓународната заедница и претставници на БиХ. Српскиот член на претседателството, Небојша Радмановиќ, не учествуваше.
„БиХ е независна држава, без оглед на тоа дали некој го прославува овој празник“, рече претседателот на претседателството, Жељко Комшиќ.
Високиот претставник на БиХ, Валентин Инцко, рече дека како резултат на референдумот во 1992 година, финансиран од Европската заедница, денот треба да се почитува.
„Се отвори ново поглавје во политиката, се врати оптимизмот, надежта. Многу проекти се враќаат, а граѓаните соработуваат подобро отколку пред 20 години“, рече Инзко.
Но, граѓаните на БиХ велат дека сé уште живеат во земја која е оптоварена со минатото и е под услови на економска криза. Тие се надеваат на подобри денови.
„Секоја година се надевам дека мојата Босна и Херцеговина ќе го слави својот роденден во подобро социјално опкружување“, рече за SETimes сараевчанката Мерима Хаџиќ.
„Со референдумот, покажавме интерес да живееме во земјата која има 1.000-годишна традиција, и затоа овој празник е мој празник“, рече за SETimes Миралем Абазовиќ.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's