02/03/2012
Нападнат за неговиот извештај кој ја создаде грчката криза, шефот за статистички податоци Андреас Георгиу застана зад својата работа.
Енди Дабилис за Southeast European Times во Атина -- 02.03.12
![]() Андреас Георгиу е обвинет за фалсификување на бројките. [Енди Дабилис/SETimes] |
Драмата со економската криза во Грција, која ја загрозува еврозоната и ги тресе светските пазари, е драма на бројки -- но исто така и на интриги и политички битки.
Вторите сега се одвиваат во заднината на тековната истрага за шефот на статистичките податоци во земјата, заради наводно манипулирање на фактите со цел да се создаде барање за мерки за штедење на меѓународните кредитори.
Андреас Георгиу, поранешен заменик-шеф на одделот за статистика на ММФ, беше назначен во април 2010 година да ја подобри состојбата на многу оцрнетото биро за статистика на земјата, кое беше нагрбено со репутација на прибежиште за политичките ортаци.
Беше формирана новата, независна Грчка статистичка управа (ЕЛСТАТ), но старите расправии продолжија.
„Не е убаво да се биде обвинет во јавноста за предавство на својата држава, [но] јас не се потпирам на тоа што луѓето мислат“, рече Георгиу во ексклузивното интервју за SETimes.
Георгиу беше тој што го изготви извештајот во кој беше наведено дека дефицитот на Грција изнесува неверојатни 15,4 отсто, што речиси предизвика паника во еврозоната и ги потресе берзите од Париз до Вол стрит и Токио.
Георгиу ја почна расправијата со поранешниот заменик-претседател на одборот, Никос Логететис, и со статистичарот Зое Георганта, кои беа избркани. Георгента се одмазди во септември, велејќи дека Георгиу ги фалсификувал економските статистички податоци на Грција, обвинение кое доведе до истрага против Георгиу за наводно предавство на националните интереси.
Ако биде суден и осуден, тој се соочува со можна казна доживотен затвор.
„Ми се суди за неместење на книгите“, рече тој, повторувајќи го својот претходен став дека е жртва на напори на политичките сили да го спречат да ги претстави точните бројки.
Парламентот на крајот од минатиот месец гласаше за формирање комитет кој ќе го испита раководењето на Георгиу со ЕЛСТАТ, како и за испитување на улогата на поранешниот премиер Јоргос Папандреу и поранешниот министер за финансии, Јоргос Папаконстантину.
„Политизацијата на статистичките податоци и обвинувањата што политичарите ги упатуваат се многу штетни. Грција имаше многу значаен проблем со својот кредибилитет во собирањето на податоците“, рече Георгиу. „Тоа е сосема неосновано, овие обвинувања.“
Тој рече дека кога решил да го спречи политичкото мешање во бирото, тој наишол на отпор, особено од Логотетис, како и од Георганта.
Георганта рече дека Георгиу не им дозволил да имаат никаква улога во канцеларијата, и го надул дефицитот за да й угоди на тогашката владејачка социјалистичка администрација на ПАСОК и да ја поддржи потребата Грција да биде финансиски помогната од Тројката ЕУ-ММФ-ЕЦБ.
„Тој не е статистичар ... тој направи неверојатни работи кои ни покажаа дека нема искуство во водењето на комитетите ... тој ги изнесе овие бројки откако не исклучи“, рече Георганта за SETimes.
Одборот сакаше да гласа за статистичките податоци пред да бидат објавени, што Георгиу го одби, велејќи дека тоа би ја внесло политиката во бирото, вели таа.
Логететис вели дека бил наместен.
„Кога почнав да се распрашувам за бројките, целата оваа работа почна да станува чудна. Сакав да откријам како овие бројки биле пресметани“, рече Логотетис за SETimes.
Беше најден доказ за хакирање на имејлите на Георгиу на лаптоп што тој честопати го оставал во ЕЛСТАТ, но не и на неговиот домашен компјутер.
„Не знам дали е ова сапунска опера од национален вид на случај на предавство. Истата се случи со цел: да му ги донесе мерките на штедење на грчкиот народ“, рече тој за SETimes.
Георгиу рече дека неговиот извештај бил поддржан од Еуростат, статистичкиот оддел на ЕУ, и истакна дека бројките за кои владата го обвинува беа основа на новиот втор пакет финансиска помош од 130 милијарди евра минатиот месец.
Георгиу рече дека немал причина да го преувеличи дефицитот. „Секој кој се обидува да манипулира со бројките и да не ја прикаже вистинската слика ... има многу кратковид пристап“, рече тој. „Не може да биде нелегално да се следи законот. Ние го почитувавме законот и го применувавме целосно.“
Димитри Вајанос, директор на Пол Воли Центарот за истражување на дисфункционалноста на капиталниот пазар при Лондонската школа за економија, рече дека целата сага е „апсурдна“.
Иако рече дека „нешто вакво мора да се испита“, тој рече за SETimes дека Георгиу „се чини како многу чесен човек, а тие се чини дека го поткопуваат“.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's