Зголеменото семејно насилство ги загрижува косовските експерти

20/02/2012

Властите се обидуваат да ги заштитат жртвите на семејното насилство, но вкоренетите гледишта во врска со традиционалните полови улоги, воените трауми и бавните судови, придонесуваат за овој проблем.

Мухамет Брајшори за Southeast European Times во Приштина -- 20.02.12

photo

Косовките сé повеќе бараат заштита во засолништата и другите институции како што е Центарот за рехабилитација на мајка и дете во Приштина [Мухамет Брајшори/SETimes]

Афердита К. е четири месеци жител на засолниште во Приштина, откако го напуштила домот бидејќи нејзиниот сопруг ја злоставувал физички. „Имам син и ќерка и сум ги видела трипати од септември бидејќи семејството на мојот сопруг ми забранува да ги гледам“, рече за SETimes 28-годишната жена.

„Полицијата ми помага да се сретнам со децата, но не можам да направам да бидат со мене, освен ако судот не одлучи така, а оттаму сé уште не сум добила повик“, рече Афердита.

Семејното насилство е во пораст во Косово последнава година, и аналитичарите велат дека ако целото општество не го реши овој проблем, трендот ќе продолжи.

Жртвите, претежно жени, сé повеќе пријавуваат дека се злоставувани од сопругот и некои, како Афердита, се принудени да ги напуштат своите домови, и честопати не можат да ги видат своите деца.

Домашното насилство претставува глобален проблем, но Европската комисија (ЕК) посебно внимателно го следи и во некои држави од Југоисточна Европа. Во извештајот од септември 2010 година нарачан од ЕК се заклучува дека домашното насилство стана помалку табу тема во последнава деценија, благодарение на кампањите за информирање. Но, во извештајот, исто така, се истакнува дека домашното насилство останува распространето во европските држави.

Покрај тоа, 60 отсто од испитаниците во анкетата рекле дека ЕУ треба да се вклучи во борбата против домашното насилство, според извештајот на ЕК.

Во Косово полицијата објави 1.042 случаи на семејно насилство минатата година, што е зголемување од 10 отсто во споредба со 2010 година. Иако две третини од случаите беа врз жените, и насилството врз мажите е во пораст.

Насилството произлегува од човечката природа и, исто така, од перцепцијата на семејните улоги, според професорот по социологија на Универзитетот во Приштина, Шемси Красниќи.

„Материјалната криза во општеството и семејството не се тие што го предизвикуваат насилството, туку начинот на кој кризата се толкува ... [и] погрешните начини на кои се сфаќа улогата на половите“, рече Красниќи за SETimes.

Пошироките семејства традиционално живеат во исти домаќинства и, во повеќето случаи, семејното насилство се мисли дека значи оти мажот ја злоупотребува жената. „Но, постои и друг облик кој не е опфатен -- насилството на жените врз жените. Тоа ретко се манифестира физички, но честопати, скоро секојдневно претставува психички и социјален притисок“, рече Красниќи.

Друга причина за семејното насилство во Косово -- и во регионот -- е воената траума, рече за SETimes директорката на Центарот за рехабилитација на мајка и дете, Флора Бровина.

Поврзани написи

Loading

„Свеста на жените за нивните права и можноста да го пријават на релевантните институции покажа зголемување [на насилството]. Институциите мора да одговорат на овие извештаи“, рече таа.

„Во урбаните области, жените се социолошки поеманципирани и не секогаш го пријавуваат, додека во руралните области има тренд на пријавување на истото“, објасни Бровина.

За време на владеењето на Милошевиќ, рече таа, жените беа ангажирани со отворање и одржување паралелни училишта и болници, и поголем дел од учениците беа девојчиња. „Режимот на Милошевиќ вршеше репресија врз жените и општеството се крена да ги заштити, [ограничувајќи] го бројот на случаите на семејно насилство пред војната“, додаде таа.

Од независноста, семејното насилство не е повеќе табу тема. „Косовската полиција одговара веднаш на семејното насилство и се гради силен механизам за заштита на жртвите во заштитени куќи. Сепак, кога станува збор за судовите, потребно е многу време за претрес на еден случај“, рече Бровина.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар