08/02/2012
Бројот на затворениците го надминува капатитетот на затворите за скоро 50 отсто, но во тек се нови напори за олеснување на казнениот систем на Србија.
Ивана Јовановиќ за Southeast European Times во Белград -- 08.02.12
![]() Новиот затвор во Падинска Скела е изграден во согласност со казнените стандарди на ЕУ. [Добиено со согласност на Управата за извршување казнени санкции] |
Новиот српски затвор во Падинска Скела -- наречен српски Алкатраз -- го нуди многу потребното олеснување на пренатрупаниот казнен систем на земјата.
„Тоа е најбезбеден и најсовремен затвор во регионот, заснован на европските стандарди и адаптиран на луѓето со специјални потреби“, рече за SETimes Зорана Вучичевиќ, советничка на директорот на Управа за извршување на кривичен санкции (АЕПС).
Во 29 затвори во Србија има повеќе од 11.000 осуденици, според податоците на АЕПС.
„Затворскиот капацитет според стандардите на ЕУ треба да биде 7.500. Зголемениот број ... доаѓа како последица на зајакнатите активности во борбата против сериозниот и организираниот криминал“, рече Вучичевиќ.
Првите 16 затвореници беа сместени во Падинска Скела претходно овој месец. Властите на АЕПС рекоа дека планираат да пренесат уште 450 затвореници кои отслужуваат затворски казни за сериозни кривични дела.
Иван Кузмановиќ, адвокат на Хелсиншкиот комитет за човекови права во Србија, изјави за SETimes дека пренатрупаноста е резултат на недоволното користење на условното пуштање на слобода.
„Нашиот проблем е дека меѓу 95 и 97 отсто од сите апликации за условно пуштање на слобода се отфрлаат. Се јавува проблем поради тоа што затворениците знаат дека ќе останат до крај, без оглед дали се добри или лоши“, рече Кузмановиќ.
Ако еден затвореник се однесува добро, треба да има можност да научи занает или да работи, рече Кузмановиќ. Рецидивизмот е уште една причина за пренатрупаноста. Осудениците честопати извршуваат нови кривични дела, па дури и провоцираат конфликти со затворскиот персонал, за да ги продолжат своите затворски казни, според Кузмановиќ.
![]() Затворот сместува по двајца затвореници во соба. [Добиено со согласност на Управата за извршување казнени санкции] |
„Во затвор тие имаат покрив над глава, три оброци, безбедносна служба која се грижи за нив. Тие немаат друг избор и не знаат како да се однесуваат надвор“, рече тој.
Зголемениот рецидивизам го оптоварува целиот казнен систем, велат властите. „Има голем број наркозависници и далеку поголем број од оние кои извршиле насилни кривични дела. Од друга страна, имаме помалку [стражари] секоја година и не можеме да вработуваме нов персонал поради финансиската ситуација“, рече Вучичевиќ.
Експертите, сепак, сметаат дека алтернативните санкции -- домашниот притвор, вклучително и носењето електронски алки за следење, како и општокорисната работа -- нудат решение за пренатрупаноста. Владата почна со спроведување на ваквите мерки во 2011 година.
„Законот предвидува дека домашниот притвор може да послужи за оние кои се осудени до една година затвор за кој било кривичен прекршок. Општокорисната работа е можна за оние кои може да добијат казна од помалку од три години“, рече Вучичевиќ.
Моментно има 150 луѓе во домашен притвор кои носат алки за следење, тројца се во домашен притвор, а 30 извршуваат работа од јавен интерес, според АЕПС.
Соработникот на Институтот за криминологија, Добривоје Радовановиќ, изјави за SETimes дека владата мора да одвои буџетски средства за подобрување на човечките ресурси во казнениот систем, ако е сериозна за санкционирање на криминалот.
Дополнителна загриженост предизикува недозволувањето на мешање на ситуациските криминалци со тешките криминалци. „Ако се случи мешање, доаѓа до насилна криминализација на првите“, рече Радовановиќ.
За да се избегне мешање, се градат отворени затвори, каде што воспитувачите работат со затворениците, вели тој. „Но, [овие затвореници] не можат да бидат [извршители на кривични дела по втор пат], да имаат долги казни или да биле осудувани за [насилни] кривични дела“, додаде Радовановиќ.
Властите рекоа дека планираат изградба и на нови затвори во Крагуевац, Панчево и Медвеѓа.
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's