Секојдневните прекугранични пазарења во БиХ ја помагаат локалната економија

31/01/2012

Пониските цени и пониските даноци во Босна и Херцеговина привлекуваат многу хрватски и српск и државјани да купуваат.

Бедрана Калетовиќ за Southeast European Times во Сараево -- 31.01.12

photo

Поволниот ДДВ и даночни поврати во БиХ за странските државјани, ги привлекуваат секојдневно купувачите од соседните земји. [Бедрана Калетовиќ/SETimes]

Босна и Херцеговина (БиХ) стана популарна дестинација за купувачите од целиот регион, бидејќи нискиот данок ги прави поевтини производите отколку во соседните земји.

„Можеме да купиме двојно повеќе за нашите пари во БиХ отколку во Хрватска“, вели Мирјана Босиќ, која живее во близина на Осиек во северна Хрватска. „Цигарите, па дури и оние произведени во Хрватска, се поевтини во БиХ. На враќање [во Хрватска] ние го полниме резервоарот за гориво, и нашето пазарење дефинитивно се исплати.“

Цените се пониски бидејќи БиХ има понизок данок на додадена вредност (ДДВ) отколку во соседните земји -- 17 отсто од сите купени производи и предмети. Хрватскиот ДДВ е 23 отсто, додека српскиот е 18 отсто, а црногорскиот е 17 отсто.

ДДВ во Хрватска ќе се зголеми на 25 отсто во март.

Македонија има ДДВ од 18 отсто за предметите, освен за медицинските производи и компјутерската опрема, а молдавскиот ДДВ изнесува 20 отсто.

ДДВ е данок на профит на производот -- разликата меѓу цената на чинење на предметот за да се произведе и цената по која се продава. Наплатите се извршуваат секојпат кога бизнисменот во синџирот на набавка купува или произведува производ и го препродава.

„Системот на ДДВ во БиХ, во споредба со земјите-членки на ЕУ, е далеку поефикасен. Универзалната, разумна стапка, остава помалку простор за измама со ДДВ. Ако се применуваа различни стапки на ДДВ, за различни производи, изборот на потрошувачите можеше да биде загрозен“, се вели во истражувањето од ноември 2011 година на Управата за индиректно оданочување на БиХ.

„Потрошувачката кошница ќе биде полесна и поскапа со оглед на тоа што секој раст на ДДВ неизбежно ги зголемува цените. Дури и во сегашните услуги на ниска куповнаа моќ, новото зголемување на цените ќе биде дополнителен удар за куповната моќ на граѓаните“, рече за SETimes Крешимир Север од Независниот хрватски синдикат.

Со зголемувањето на цените на храната и другите намирници во Хрватска, и престојното зголемување на ДДВ за сите потрошувачки производи, Хрватите редовно ја посетуваат соседна БиХ.

Поврзани написи

Loading

„Порано купувавме храна од Унгарија. Со две до три патувања месечно заради пазарење, заштедувавме околу 40 отсто или повеќе отколку во Хрватска“, рече Босиќ.

По зголемувањето на ДДВ во Унгарија на 25 отсто, семејството Босиќ почнало да пазари во БиХ.

Градот Бијелина, во Република Српска (РС), близу до границата со Србија, добива голем број купувачи со регистарски таблички од Србија.

„За купување цигари, алкохол и кафе, ним не им се враќа ДДВ, но за сите други производи им се враќа, нашите муштерии го знаат тоа, и затоа имаме многу Срби кои трошат пари во нашите продавници“, рече за SETimes Здравко Ѓуриќ, директор на продавницата за малопродажба Фис во Бијелина.

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Focus on Ukraine

Репортажа

Балканските земји преземаат мерки на претпазливост против ширењето на еболатаБалканските земји преземаат мерки на претпазливост против ширењето на еболата

Експертите предупредуваат дека еболата е голема закана за регионот и дека терористите може да ја користат како оружје.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Исламската држава на Ирак и Левант (ИСИЛ) сака да го измени Коранот за да го приспособи на својата екстремистичка форма на Исламот. Дали мислите дека овие напори ќе бидат отфрлени од муслиманското население во светот?

Да
Не
Не знам