Нелегално градење посочува на можно влијание на мафијата во Црна Гора

30/12/2011

Еден од најголемите скандали во Црна Гора, заедно со политичките конотации во кои е вклучена владејачката партија, е поврзан со нелегално градење.

Недељко Рудовиќ за Southeast European Times во Подгорица -- 30.12.11

photo

Случајот Завала открива уште еден пример за нелегалните врски влада-бизнис. [Вијести]

Се случи повторно оваа недела: поднесени се обвиненија кои поврзуваат владини функционери и бизнисмени со нелегалното градење профитабилна сопственост. Во овој случај, полицијата во понеделникот (26-ти декември) поднесе обвиненија против Гзим Хајдинага, поранешен градоначалник на крајбрежниот град Улцињ, и контроверзниот бизнисмен Насер Кељменди. Наводно без да добие дозвола, на претпријатието на Кељменди му било дозволемо да го изгради хотелот „Каза гранде“ во Улцињ.

Во сличен ваков случај за изградбата на големиот туристички комплекс „Завала“ во Будва, исто така, беа дозвола, судот сега испитува неколку високи членови на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС).

Позната невладина организација во Црна Гора, Мрежата за афирмација на невладиниот сектор (МАНС), ги опиша судските случаи како уште еден пример за „урбаната мафија“ која оперира во Црна Гора.

„Проблемот на нелегалното градење во Црна Гора и бројните нелегални згради кои се градеа во изминатите две децении, потврдуваат дека ова се системски проблеми.

„Најекстремните случаи покажуваат дека има многу силни врски [меѓу] јавните функционери и оние кои сакаат да профитираат преку нелегално градење или криминални активности“, рече за SETimes претставникот на МАНС, Дејан Миловац.

Неговата група редовно поднесува кривични обвиненија против локални и државни претставници за злоупотреба на функцијата.

Министерството за одржлив развој и туризам вели дека има проблеми во урбаниот развој кои мора да се решат, но не го признава обемот на организиран криминал во ова прашање.

„Урбана мафија е исклучително тешка квалификација. Треба да има многу јасно поставени граници меѓу урбаните проблеми, кои ги има во сите развиени земји, и ваквите квалификации“, рече за SETimes министерот за одржлив развој и туризам, Предраг Секулиќ.

Манс поднесе кривични обвиненија во т.н. скандал „Завала“ пред четири години. Минатиот декември истиот доведе до апсење на градоначалникот на Будва, Рајко Куљача, неговиот заменик Драган Маровиќ, пратеникот на ДПС, Дордије Пињатиќ и неколку локални бизнисмени.

Скандалот изби откако беше откриени дека руското претпријатие „Миракс“ започнало со изграба на туристички центар на крајбрежјето, без дозвола.

Сите уапсени беа блиски соработници на заменик-претседателот на ДПС, Светозар Маровиќ. Драган Маровиќ е негов брат. Фактот дека ова е единствениот случај пред судот и дека истиот го исклучува министерот за урбанизам во тоа време, Бранимир Гвозденовиќ, покажува дека може да се работи за внатрешна борба во ДПС. Маровиќ е противкандидат на шефот на ДПС, Мило Ѓукановиќ.

Друг екстремен случај на нелегално градење е „Мириште“, каде што зграда во Будва беше изградена на земјиште во сопственост на контроверзниот бизнисмен Бранислав Мичуновиќ, близок пријател на Ѓукановиќ. Откако зградата на осум ката беше нелегално изградена во близина на морето, општина Будва и министерството заклучија дека тоа е во согласност со законите за урбанизам,

Миловац од Манс го нарекува случајот „Мирипте“ „екстремен случај“ на поврзаност меѓу политичарите, бизнисмените и нелегалното градење.

Поврзани написи

Loading

„Локалните и државните претставници вложија огромни напори да ја прикријат целата афера, и потоа, да го оправдаат кршењето на законот“, истакна тој.

Миловац тврди дека урбанизмот во Црна Гора е честопати придружуван со учество на магнати за време на фазата на планирање и притисок врз градоначалници, локални парламенти и градежни инспектори. „Затоа говориме за постоење урбана мафија во Црна Гора.“

„МАНС испрати во обвинителството шеми во кои се разработени нелегалните мрежи што ние успеавме да ги откриеме во текот на нашата истрага за корупција во урбаниот сектор. За жал, не сме виделе поголемо подобрување, кога станува збор за судското гонење“, рече Миловац.

„Сепак, министерот Секулиќ инсистира на тоа дека судењето на прекршоците е од суштинска важност, како превенција. „Најважна работа е да се комплетира отворањето на државните тела за јавна [проверка]. Затоа, од јануари 2011 година, ги ставивме сите градежни дозволи на нашата веб-страница. Исто така, воспоставивме систем на електронско известување за нелегано градење.“

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading
Гласаj
 
 

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Репортажа

Политичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионотПолитичкиoт дијалог, програмите на граѓанското општество помагаат да се надминат поделбите во регионот

Тековните напори на политичките партии и невладините организации помагаат да се започне мирна преобразба.

Најпопуларни

Loading
Loading
Loading

Анкета

Хрватска ќе стане 28-мата членка на Европската унија на 1-ви јули. Која држава треба да биде нејзина следна членка?

Maкедонија
Црна Гора
Србијa
Tурција
Aлбанија
БиХ
Косово



Види ги резултатите Додадете коментар